• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Најново ИЗВЕСТУВАЊЕ !

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (08.07.2024.)

По одржаниот Прв селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година, ги известуваме учениците кои освоиле пласман на Вториот селекционен натпревар дека истиот ќе се одржи на 04.09.2024 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.


Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ (13.06.2024.)

НА 05.07.2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржи Првиот селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година. ДФРМ, СХТМ и МБД ги покануваат учениците кои освоиле најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија да учествуваат на овој натпревар. Подолу се дадени целосните информации за овој натпревар како и списокот на учениците кои може да учествуваат (се поканети) на истиот. Пријавувањето за учеството да се направи најдоцна до 26.06.2024 година до 23.59 часот, на адресата fizikanatprevari@gmail.com


Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ (11.06.2024)

Летен едукативен камп за физика!



Хотел „Аквалина“, Охрид 13 - 17 август 2024

Слободни се уште неколку места, побрзајте!

ИЗВЕСТУВАЊЕ (03.06.2024)

Почитувани ученици подолу е даден списокот со наградени ученици од 47. Државен натпревар по физика за учениците од основните училишта одржан на 01.06.2024 година на ПМФ во Скопје.


Нa сите ученици кои учетсвуваа на Државниот натпревар, ДФРМ им го честита успехот!
Во текот на следните 10 дена ДФРМ ќе објави список на ученици кои се покануваат на првиот Селекционен натпревар за учество на Меѓународната олимпијада по природни науки.
Преземи ги решенија на задачите од Државните натпревари :

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (29.05.2024)


Државниот натпревар по физика за учениците од основните училишта ќе се одржи на 1.06.2024 година (сабота), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје - горна зграда.

Учениците да бидат во дворот на зградата најкасно до 9.30 часот.

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (27.05.2024)

По завршувањето на Селекциониот натпревар за учество на 54. Меѓународна Олимпијада по физика, која што ќе се одржи од 21 до 29 јули 2024 во Исфахан, Иран, одржан на  22.05.2024. на Природно - математичкиот факултет во Скопје, одреден е тимот средношколци кои ќе ја преставуваат на Македонија на оваа олимпијада:

1. Јан Стојановски - четврта година - ПСУ Јахја Кемал, Скопје,
2. Андреј Стојановски - трета година - ПСУ Јахја Кемал Скопје,
3. Емилија Николовска - четврта година - Математичко - информатичка гимназија Скопје,
4. Матеа Митревска - трета година - ПСУ Јахја Кемал, Скопје
5. Дамјан Стојанов - трета година - ПСУ Јахја Кемал, Скопје

На сите ученици им посакуваме голем успех!

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (23.04.2024)

Селекционен натпревар за Меѓународна олимпијада по физика

Селекциониот натпревар за учество на Меѓународната олимпијада по физика 2024., ќе се одржи на 22.05.2024 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика одржани во 2024 година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 15.05.2024 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот.

Темите од кои ќе бидат проблемите на селекциониот натпревар, како и на самата олимпијада, се идентични со темите од кои се проблемите на Меѓународната олимпијада по физика а може да се најдат на следнава интернат страна:

https://www.ipho2024.ir/page/5

Селекционен натпревар за Балканска олимпијада по физика

Селекциониот натпревар за учество на Балканската олимпијада по физика 2024., ќе се одржи на 27.05.2024 година (понеделник), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици од прва и втора година кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика одржани во 2024 година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 20.05.2024 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот.

Темите од кои ќе бидат проблемите на селекциониот натпревар, како и на самата олимпијада, може да се најдат на следнава интернат страна:

https://balkanphysicalunion.info/?p=5019

 

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ (22.04.2024)

Почитувани ученици подолу е даден списокот со наградени ученици од 66. Државен натпревар по физика за учениците од средните училишта одржан на 20.04.2024 година на ПМФ во Скопје.


НА сите ученици ДФРМ им го честита успехот!
Преземи ги решенија на задачите од Државните натпревари натпревари:

ИЗВЕСТУВАЊЕ (15.04.2024)

Државниот натпревар по физика за учениците од средните училишта ќе се одржи на 20.04.2024 година (сабота), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје - горна зграда. Учениците да бидат во дворот на зградата најкасно до 9.30 часот.
Со почит
ДФРМ






ИЗВЕСТУВАЊЕ (17.02.2022)

ИЗВЕСТУВАЊЕ (17.02.2022)

Почитувани ученици подолу е даден списокот со ученици кои се пласираа на Регионалните натпревари.
Преземи ги решенија на задачите од општинските натпревари:

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ (09.02.2022)

ИЗВЕСТУВАЊЕ (09.02.2022)


Ве известуваме дека на 25.02.2022 година со почеток од 14 часот, преку средствата за електронска комуникација ќе се одржи редовното Годишно собрание на Друштвото на физичарите на Република Македонија.
Преземи го Предлог- дневниот ред.
Во случај поканата за Собранието да не ја добивте и преку електронска пошта, Вашето присуство најавете го на следнава адреса:  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Со почит
ДФРМ

Известување (31.12.2021)

Известување (31.12.2021)

Почитувани,


Во прилог известувањето од ДФРМ кое може да го објавите (секако деке ако има потреба може да го прилагодите). Сликите се сопственост на ДФРМ и можете да ги користите за објавувањето на веста.
Уште еднаш благодарам за покажаниот интерес.

Со почит

Ламбе Барандовски
Претседател на ДФРМ

Денес на 29.12.2021 година со почеток од 13 часот на Природно - математичкиот факултет во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија беа доделени медалите и дипломите кои учениците ги освоија натпреварувајќи се на Меѓународните олимпијади по физика.
51. Меѓународна олимпијада по физика се одржа  во Вилнус, Литванија од 17 до 25 јули 2021 година (преку средствата за далечинско учење). На оваа олимпијада награда за успешно учество (пофалница), освоија:
·         Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
·         Матеј Гелев, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
·         Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
·         Димитар Џорлев, ученик во четврта година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
На оваа олимпијада успешно ја преставуваше својата држава и
·         Драго Јакимовски, ученик во четврта година во СУГСГ „Орце Николов“ – Скопје
45. Еврпска олимпијада по физика која се одржа од 19 до 26 јуни 2021 година преку средствата за далечинско учење, во организација на Естонсото Друштво на физичарите:
Бронзен медал
Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
Награда за успешно учество:
Емилија Николовска, ученичка во втора година во „Математичко – информатичка гимназија, Скопје.
Достојно претставување на Македонија на оваа олимпијада имаа и:
Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
Димитар Џорлев, ученик во четврта година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Марко Стојановски, ученик во четврта година во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, сега студент на Институтот за физика при ПМФ во Скопје.
3. Балканска олимпијада по физика која се одржа на 25.09.2021 година преку средствата за далечинско учење во Софија, Бугарија
Сребрен медал
Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
Бронзен медал
Емилија Николовска, ученичка во прва година во „Математичко – информатичка гимназија, Скопје.
Сандра Недановска, ученичка во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
Во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија и Македонското биолошко Друштво беа доделени медалите кои учениците д Македонија ги освоија на 18. Меѓународна олимпијада по природни науки која во хибриден формат се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.
Сребрен медал:
1. Алексиј Тасиќ ученик во деветто одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Аеродром, Скопје, (сега ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје),
Брозени медали:
2. Иван Костевски, ученик во деветто одделение во ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, (сега ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“-Штип),
3. Матеа Митревска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Мирче Ацев“ – Ѓ. Петров, Скопје, (сега ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје),
4. Марио Ванчовски ученик во деветто одделение во ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, (сега ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“-Штип),
5. Андреј Стојановски, ученик во деветто одделение во ООУ „11 Октомври“ – Центар, Скопје, (сега ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје),
6. Теона Ана Георгиевска, ученичка во осмо одделение во ООУ „Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје, (сега ученик во деветто одделение во ООУ „Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје).

На свечаноста се обрати проф. д-р Ламбе Барандовски, Претседател на ДФРМ, кој ја истакна заложбата на Друштвото на физичарите на Република Македонија и останатите здруженија кои гравитираат кон Природно-математичкиот факултет кон промоција на физиката, хемијата и биологијата помеѓу учениците од основните и средните училишта во државата. Тој истакна дека долгата традиција од преку 60 година на организирање на натпревари од страна на ДФРМ придонело за создавање на генерации на физичари и инженери кои денес истражуваат во врвните научни институции во Македонија и светот. 

Деканот на Природно – математичкиот факултет во Скопје, проф. д-р Александар Скепаровски ги поздрави олимпијците и им ги честита добиените награди и им порача во иднина уште повеќе да навлезат во тајните на природните науки и дека секогаш вратите на Природно-математичкиот факултет ќе бидат отворени за нив во текот на нивното понатамошно образование.
Во име на Македонското биолошко друштво и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија проф. д-р Сузана Диневска Ќофкаровска им ги честита добиените медали на учениците кои учествуваа на Меѓународната Јуниорска олимпијада и им посака уште поголеми успеси во текот на нивното средношколско образование.

15th Conference 2024 September 19-22, Ohrid, Macedonia

15th Conference of the Society of Physicists of Macedonia 2024

September 19-22, Ohrid, Macedonia

 

FOR MORE INFORMATION PLEASE VISIT THE CONFERENCE WEBSITE

 

https://dfrmconference.wixsite.com/cspm2024

SOCIETY OF THE PHYSICISTS OF MACEDONIA is announcing

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки
Скопје, Македонија, 24 ‐ 26 ноември 2023

International Conference on Education in Mathematics, Physics, and Related Science
November, 24 – 26, 2023, Skopje, Macedonia

БИЛТЕН НА ДРУШТВОТО НА ФИЗИЧАРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки Скопје, 27-28 септември 2019

ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

ПО 10 ГОДИНИ, ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

Последниот број на списанието за популаризација на физиката ИМПУЛС, број 55, дојде до рацете на учениците во 2008 година. Потоа, поради прекинот на продажбата на списанијата од ваков вид низ училиштата, ИМПУЛС влезе во децениски сон. Сон дека некогаш пак ќе се издава и печати, со цел учениците - љубители на физиката - да можат да уживаат во неговите содржини...

ПРЕВЗЕМИ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ

 

Благодарност !

На неколку дена пред почетокот на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која годинава се одржува од 2 до 11 декември во Габороне Боцвана, тимот ученици кој ќе ја преставува Република Македонија успеа да ги собере потребните средства за учество на истата. Тимот ученици и нивните водачи најтопло би сакале да се заблагодарат на финансиската подршка која ја добија од:

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

АРХИВА НА „ИМПУЛС“

Почитувани посетители,

Во наредниот период  дневно ќе бидат објавувани од архивата по неколку броеви од списанието „Импулс“ за популаризација на физиката. 

За да пристапите до саканиот број тоа можете да го направите и преку главното мени соодветно: ПУБЛИКАЦИИ -> СПИСАНИЕ „ИМПУЛС“ -> АРХИВА -> ( и тука го избирате соодветниот број )

Во оваа секција подолу ќе бидат објавувани само привремено најново додадените архивски броеви од списанието, онака како што ќе се објавуваат во текот на една седмица.


Faculty of Natural Sciences and Mathematics, University Ss. Cyril and Methodius, Skopje, Macedonia

grbpmfpmf-logo-white-flattend

Number of Visits:


Warning: Creating default object from empty value in /home/php/src/modules/mod_stats/helper.php on line 106
Content View Hits : 577901