
16th Conference of the Society of Physicists of Macedonia – CSPM 2026
24 – 27 September 2026
Ohrid, Macedonia
More information on:
https://dfrmconference.wixsite.com/cspm2026
За нас
Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), основано во 1949 година во Скопје, Р. Македонија, е организација посветена на промоцијата и напредокот на физиката во Република Македонија.
Друштвото е претставителна организација на сите кои се занимаваат со физика или некоја од сродните науки, во Република Македонија. ДФРМ се занимава со активности како што се организацијата на натпреварите по физика, Школата „Млади физичари“ и конференцијата на ДФРМ.
Најново известување
По завршувањето на Вториот селекционен натпревар одржан на 03. септември 2026 на Природно – математичкиот факултет во Скопје, определен е македонскиот тим кој ќе учествува на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2026), што ќе се одржи во декември 2026 во Софија, Бугарија.
Составот на тимот кој ќе ја претставува Македонија на оваа олимпијада е следниот:
– Дамјан Чамушев, ученик од ООУ „Ванчо Прке“, Штип
– Елена Секулоска, ученичка од ООУ „Григор Прличев“, Охрид
– Јован Денковски, ученик од ООУ „Крсте Мисирков“, Куманово
– Александар Серафимовски, ученик од ООУ „Владо Тасевски“, Скопје
– Павел Ангелов, ученик од ООУ „Александар Македонски“, Скопје
– Марко Милески, ученик од ООУ „Јосип Броз Тито“, Струга
На учениците им упатуваме честитки за остварениот успех!
ДФРМ, СХТМ, МБД
Активности

Друштвото на физичарите на Република Македонија е одговорно за организација на натпреварите по физика за основно и средно образование, како и селекционите натпревари за разни олимпијади.

Секоја година се одржува Школата „Млади физичари“ на која учениците од средните и основните училишта ги претставуваат своите експерименти.

ДФРМ на секои две години одржува конференција која опфаќа разни теми од сите области на експериментална и теоретска физика, како и образованието.
Може да ве интересира



