• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Најново ИЗВЕСТУВАЊЕ !

СООПШТЕНИЕ  (05.06.2019)

Почитувани,

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки
Скопје, ќе се одржи на 27-28 септември 2019 год.



За сите дополнителни информации превеземете го целосното соопштение !

Превземи го соопштението


Со почит

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ (6.06.2019)

Список на распределба на места (прво, второ и трето место) од одржаните државни натпревари.

Со почит,
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ (27.05.2019)

Известување за селекционите натпревари по природни науки од кои ќе се формира македонскиот тим кој ќе учествува на 16. Олимпјада по природни науки која ќе се одржи во Доха, Катар

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ 23.05.2019

Почитувани

Согласно резултатите од 62. Републички натпревар по физика за учениците од средните училишта, којшто се одржа на 20.04.2019 година и Селекциониот натпревар одржан на 17.05.2019 година, македонскиот тим натпреварувачи, којшто ќе учествува на 50. Меѓународната олимпијада по физика (IPhO 2019) ќе биде составен од следните ученици:

1.      Војо Митревски од Ресен, ученик во трета година во СОУ Цар Самоил, Ресен.

2.      Мартин Ристовски од Македонска Каменица, ученик во четврта година во ПСУ Јахја Кемал, Карпош

3.      Иван Јовановски од Карпош, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал, Карпош.

4.      Димитар Џорлев од Струмица, ученик во прва година СОУ Јане Сандански, Струмица.

5.      Благоја Савевски од Велес, ученик во втора година ПСУ Јахја Кемал, Карпош.

50. Меѓународна олимпијада по физика ќе се одржи во Тел Авив, Израел во периодот од 7-15 јули 2019. Водачи на нашиот тим ќе бидат доц. д-р Ламбе Барандовски и проф. д-р Боце Митревски од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.


Со почит
ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ 27.04.2019

Почитувани,

-Известување за селекција за IPhO 2019

-Конечни резултати од 62. Републички натпревар по физика за учениците од средните училишта одржан на 20.04.2019 на ПМФ во Скопје

Со почит
ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ 24.04.2019

Почитувани,




Повеќе информации за Едукативниот камп за физика 2019:

Со почит
ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ 12.04.2019

Информации и место на одржување на Републичките натпревари по физика за учениците од основните и средните училишта.

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ 28.03.2019

Корејско - Македонски симпозиум за енергетски материјали и материјали применливи во информационите технологии“, ќе се одржи од 01.07.2019 година до 04.07.2019 година. Организатори на Симпозиумот се Друштвото на физичари на Република Македонија во соработка со Институтот за физика при ПМФ во Скопје.



Тhe Korea-Macedonia joint symposium on IT and energy materials“ will be held from 1st to 4th July 2019. The symposium is organized by Society of physicists of Macedonia in cooperation with Institute of physics, Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Skopje.


Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ 13.03.2019

Конечни резултати од 52. Регионален натпревар по физика 2019 - листи на пласирани ученици за Државните натпревари по физика.

Преземи го списокот

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ 27.02.2019

Информации и места на одржување на 52. Регионални наторевари по физика за учениците од основните и средните училишта.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (08.02.2019)

Почитувани посетители,

ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ГИ ПОДДРЖА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ

Државна видеолотарија донираше 200.000,00 денари на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ). Наша цел е да им овозможиме на младите средношколци-истражувачи да добијат нормални услови, во кои ќе можат да го развиваат и да го надградуваат својот талент, а притоа да бидат успешни амбасадори кои ќе ја претстават земјава во одлично светло пред меѓународната јавност.



ПРЕВЗЕМИ ГО ЦЕЛИОТ ДОПИС


Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (06.02.2019)

Почитувани,

Подолу се дадени списоците со учениците кои имаат пласман на 52 Регионален натпревар по физика за учениците од основните и средните училишта, како и информации за Регионалните натпревари.

Регионални натпревари 2019 година - известување.

Корегиран список на ученици кои ќе учествуваат на регионалните натпревари.

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (29.01.2019)

Список на училишта пријавени за учество на општинските натпревари по физика и училишта домаќини. Училиштата означени со задебелени букви се училишта домаќини на општинските натпревари по физика.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (09.01.2019)

На Селекциониот натпревар за учество на 3-та Европска Олимпијада по физика која ќе се одржи во Рига, Летонија од 31.05. до 04.06.2019 година се покануваат следниве ученици

Преземи ја листата на поканети ученици

Селекциониот натпревар ќе се одржи на 15.02.2019 година на Институтот за физика при Природно - математичкиот факултет во Скопје со почеток од 10 часот.

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (13.12.2018)

Почитувани,

Ве известуваме дека нашиот тим кој учествуваше на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа од 2 до 11 декември 2018 година во Габороне, Боцвана освои 3 бронзени медали.

ПРЕВЗЕМИ ГО ИЗВЕСТУВАЊЕТО

Со почит

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (14.11.2018)

Почитувани,

Резултати од натпреварот во демонстрации, експерименти, на 42-та Школа „Млади физичари“.

ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
СРЕДНИ УЧИЛИШТА

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (06.11.2018)

Почитувани,

ДФРМ го најавува одржувањето на 42 Школа „Млади физичари“, која се одржува во рамки на настанот „Ноември - месец на науката“

ПРОГРАМА НА 42 Школа „Млади физичари “

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (18.09.2018)

Почитувани,

ДФРМ го најавува одржувањето на 42 Школа „Млади физичари“, која се одржува во рамки на настанот „Ноември - месец на науката“

Школата ќе се одржи на 9 и 10 ноември 2018 година (петок и сабота) во Скопје, Skopje City Mall, паралелно на настаните кои се одржуваат за Ноември - месец на науката“.


From Members

Благодарност до Проф. Александар Котевски, известување за нашите драги посетители и членови

Почитувани членови на Друштвото на физичарите на Република Македонија  и драги посетители, Ве известуваме дека денеска нашата интернет страница е збогатена со нова содржина која е од особена важност за утврдување и проширување на вашето знаење во физиката. 

Новата содржина која е објавена во секцијата Публикации - > Од членовите - > Александар Котевски се состои од 2 збирки на задачи по физика за учениците од 8-мо и 9-то одделение по новата наставна содржина за деветгодишно основно образование кои се директно поврзани со наставната содржина која тековно ја обработуваате преку целата учебна година според новите наставни планови, како и книга од областа на астрономијата "Тајните на Вселената" со чија помош можете пријатно и лагодно да ги направите првите чекори кон запознавањето на вашите ученици со основните поими и појави во Вселената.

Можете слободно да се служите со материјалите кои се објавени , под секоја од задачите има кратко решение, сите страници од книгите се листаат со клик врз нив и најдолу десно имате копчиња за "кон напред" ( NEXT )  како и "кон назад" ( PREV ) како и копче за превземање на сликата ( DOWLOAD ) - кое е сместено долу лево со што посакуваната страница ја зачувувате во форма на слика која потоа можете да ја испечатите или споделите со учениците или колегите. 

Голема благодарност до проф. Александар Котевски за тоа што го сподели неговиот труд со сите нас.

Добредојдени се сите кои сакаат да објават нивни лични тудови, семинарски работи, проектни задачи, преведени трудови, понудата важи се разбира и за најмладите - учениците за кои се прават сите залагања за поквалитетно образование и посветла иднина. :)

Исто е планирано излегување на електронско издание на списанието за популаризација на физиката "ИМПУЛС", учество може да земат сите заинтересирани членови и посетители ( во форма на доставување на материјали и желба за објавување на истите во електронското издание на списанието "ИМПУЛС" )

Како што и најавивме пред неколку месеци постоечките броеви од списанието "ИМПУЛС" се подготвуваа дигитално за да се објават на нашата веб страна, материјалите се готови и во наредниот период од 2 недели секојдневно ќе се додаваат во соодветната секција Публикации -> Списание ИМПУЛС -> Aрхива -> ( тука ќе биде поставен соодветниот број од списанието, каде ќе можете да го разлистувате )

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки Скопје, 27-28 септември 2019

ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

ПО 10 ГОДИНИ, ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

Последниот број на списанието за популаризација на физиката ИМПУЛС, број 55, дојде до рацете на учениците во 2008 година. Потоа, поради прекинот на продажбата на списанијата од ваков вид низ училиштата, ИМПУЛС влезе во децениски сон. Сон дека некогаш пак ќе се издава и печати, со цел учениците - љубители на физиката - да можат да уживаат во неговите содржини...

ПРЕВЗЕМИ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ

 

Благодарност !

На неколку дена пред почетокот на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која годинава се одржува од 2 до 11 декември во Габороне Боцвана, тимот ученици кој ќе ја преставува Република Македонија успеа да ги собере потребните средства за учество на истата. Тимот ученици и нивните водачи најтопло би сакале да се заблагодарат на финансиската подршка која ја добија од:

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

12th Conference 2018 September 27-30, Ohrid, Macedonia

12th Conference of the Society of Physicists of Macedonia 2018

September 27-30, Ohrid, Macedonia

 

VISIT 12TH CONFERENCE WEBSITE

BOOK OF ABSTRACTS

АРХИВА НА „ИМПУЛС“

Почитувани посетители,

Во наредниот период  дневно ќе бидат објавувани од архивата по неколку броеви од списанието „Импулс“ за популаризација на физиката. 

За да пристапите до саканиот број тоа можете да го направите и преку главното мени соодветно: ПУБЛИКАЦИИ -> СПИСАНИЕ „ИМПУЛС“ -> АРХИВА -> ( и тука го избирате соодветниот број )

Во оваа секција подолу ќе бидат објавувани само привремено најново додадените архивски броеви од списанието, онака како што ќе се објавуваат во текот на една седмица.


Faculty of Natural Sciences and Mathematics, University Ss. Cyril and Methodius, Skopje, Macedonia

grbpmfpmf-logo-white-flattend

Number of Visits:

Content View Hits : 288279