• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Најново ИЗВЕСТУВАЊЕ !

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (23.04.2024)

Селекционен натпревар за Меѓународна олимпијада по физика

Селекциониот натпревар за учество на Меѓународната олимпијада по физика 2024., ќе се одржи на 22.05.2024 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика одржани во 2024 година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 15.05.2024 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот.

Темите од кои ќе бидат проблемите на селекциониот натпревар, како и на самата олимпијада, се идентични со темите од кои се проблемите на Меѓународната олимпијада по физика а може да се најдат на следнава интернат страна:

https://www.ipho2024.ir/page/5

Селекционен натпревар за Балканска олимпијада по физика

Селекциониот натпревар за учество на Балканската олимпијада по физика 2024., ќе се одржи на 27.05.2024 година (понеделник), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици од прва и втора година кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика одржани во 2024 година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 20.05.2024 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот.

Темите од кои ќе бидат проблемите на селекциониот натпревар, како и на самата олимпијада, може да се најдат на следнава интернат страна:

https://balkanphysicalunion.info/?p=5019

 

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ (22.04.2024)

Почитувани ученици подолу е даден списокот со наградени ученици од 66. Државен натпревар по физика за учениците од средните училишта одржан на 20.04.2024 година на ПМФ во Скопје.


НА сите ученици ДФРМ им го честита успехот!
Преземи ги решенија на задачите од Државните натпревари натпревари:

ИЗВЕСТУВАЊЕ (15.04.2024)

Државниот натпревар по физика за учениците од средните училишта ќе се одржи на 20.04.2024 година (сабота), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје - горна зграда. Учениците да бидат во дворот на зградата најкасно до 9.30 часот.
Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ (9.04.2024)

Почитувани учесници на регионалните натпревари по физика, подолу е даден списокот со ученици кои се пласираа на Државните натпревари.

На сите ученици им ги честотаме наградите и пласманот.
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (21.03.2024)

Почитувани ученици
Подолу е дадено соопштението за Регионалните натпревари во кое ќе го најдете и списокот на училипта домаќини на регионалните натпревари кои ќе се одржат на 6.04.2024 година.


Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (12.03.2024)

По завршувањето на Селекциониот натпревар за учество на 8. Европска Олимпијада по физика, која што ќе се одржи од 15 до 19 јули 2024 во Кутаиси, Грузија, одржан на  6.03.2024. на Природно - математичкиот факултет во Скопје, одреден е тимот средношколци кои ќе ја преставуваат на Македонија на оваа олимпијада:

1. Јан Стојановски - четврта година - ПСУ Јахја Кемал, Скопје,
2. Дамјан Стојанов - трета година - ПСУ Јахја Кемал Скопје,
3. Емилија Николовска - четврта година - Математичко - информатичка гимназија Скопје,
4. Димитриј Анѓеловски -  четврта година - СУГС Јосип Броз Тито, Скопје,
5. Матеј Гелев - четврта година - ПСУ Јахја Кемал Скопје.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ (4.03.2024 )

ДФРМ го најавува одржувањето на редовното годишно Собрание на ПМФ во Скопје, на 29.03.2024. со почеток од 14.30 часот.

Со почит
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (14.02.2024)

Почитувани ученици подолу е даден списокот со ученици кои се пласираа на Регионалните натпревари.
Преземи ги решенија на задачите од општинските натпревари:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (02.06.2022)

Превземи програма

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (01.06.2022)

Информации и пријава за 4 - Едукативен камп по физика 2022

4-ти Едукативен камп по физика 2022


Превземи пријава за 4-от Едукативниот камп по физика 2022

Превземи го постерот во целосна големина

Со почит

ДФРМ



ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (31.05.2022)

Ве известуваме дека 4. Балканска олимпијада по физика ќе се одржи на почетокот од октомври (датумот дополнително ќе биде објавен), во Никозија, Кипар. Подолу е даден списокот на поканети ученици од прва и втора година за оваа олимпијада.

Учениците треба да се подготвуваат на материјалот од прва и втора година без темата осцилации и наизменична струја во втора година. Силабусот за олимпијадата е даден на следниов линк:

https://balkanphysicalunion.info/wp-content/uploads/2019/06/Balkan-Physics-Curricula-v.2.0-final.pdf

Селекциониот натпревар ќе се одржи на ПМФ во Скопје на 9.09.2022 година со почеток од 10 часот.

Пријавување за учество на Селекциониот натопревар да се направи на fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 1.09.2022 година.

Со почит

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.05.2022)

На 8 мај 2022 година во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа 9 Експериментална олимпијада по физика. Подолу е даден конечниот извештај од оваа олимпијада и списокот со наградените ученици.

Преземи го извештајот

Со почит
ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (04.05.2022)

Список со наградени и пофалени ученици од Републичкиот натпревар по физика за учениците од средните училишта.


Во списокот е дадено и кои ученици се покануваат на селекциониот натпревар по физика за Меѓународната олимпијада по физика 2022 година.

Селекциониот натпревар ќе се одржи на ПМФ во Скопје на 9.06.2022 година со почеток од 10 часот.

Пријавување за учество на Селекц


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (02.04.2022)

Почитувани натпреварувачи,

Во прилог се решенијата од задачите од Регионалниот натпревар по физика одржан денес 2.04.2022 година со почеток од 10 часот.

8-мо одделение Регионален натпревар 02.04.2022

9-то одделение Регионален натпревар 02.04.2022

I-ва година Регионален натпревар 02.04.2022

II-ра година Регионален натпревар 02.04.2022

III-та година Регионален натпревар 02.04.2022

IV-та година Регионален натпревар 02.04.2022

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (28.03.2022)

Подолу во списоците се дадени училиштата во кои ќе се одржат Регионалните натпревари по физика на 2.04.2022 година со почеток од 10 часот. Натпреварувачите да бидат во училиштата каде се одржува натпреварот (означени во списоците со жолта боја), најкасно до 9.30 часот. За сите дополнителни информации да се обратат кај нивните ментори.

ДФРМ

Announcements

Известување за конференции во регионот (10.12.2015)

1. Меѓународна конференција „Положбата на физиката во средните училишта во регионот“

    Алексинац, Република Србија 26-28 фебруари 2016
 
 
2. 44 Национална коференција за прашања од областа на образованието по физика
    „Неформалното образование по физика и астрономија“
    Јамбол, Република бугарија, 7-10 април 2016
 
 
3. Меѓународна конференција на физичарите на Р. Македонија
    Конгресен центар во Охрид, Република Македонија
    22-25 септември 2016
    Прво соопштение за 2-3 седмици на интернет страната на ДФРМ
 
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (02.12.2015)

Почитувани посетители и учесници !

Почитувани ученици и наставници, учесници на XL Школа „Млади Физичари“, 

Ве информираме дека подолу се наведени линковите од „Тест“ напреварот кој се одржа за време на XL Школа „Млади Физичари“ на 27-28ми Ноември 2015 година, како и резултатите од истиот и резултатите од натпреварот во демонстрации.

Прашања и задачи од „Tест“ натпреварот за сите години.

Резултати од „Тест“ натпреварот

Резултати од натпреварот во демонстрации

Со почит

ДФРМ
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (24.11.2015)

Почитувани посетители и учецници !

На линкот подолу е:

 
Се повикуваат сите ученици пријавени за демонстрации, да ги подготват своите демонстрации и да ги презентираат во петок, 27.11.2015  од 12.00 до 15.00 часот.
Стручна комисија од тројца професори ќе ја оценува секоја демонстрација.
Некои од демонстрациите се вметнати во програмата.
 
ДФРМ
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (23.11.2015)

Почитувани посетители и учесници !

Почитувани ученици и наставници, учесници на XL Школа „Млади Физичари“, 

Ве информираме дека подолу на линковите за секоја година одделно може да најдете податоци за Вашата пријава за Школата. За било какви забелешки обратете се до секретарот на друштвото, Наташа Кочоска.

Сите учениците што се пријавиле за демонстрација нека се подготват за петок, 27.11.2015. Најголем дел од пријавените ученици, своите демонстрации ќе ги постават и ќе ги изведат во ходникот/холот на факултетот, согласно програмата на Школата.

Во текот на утрешниот ден ќе објавиме дополнета програма со име и презиме на неколку ученици кои ќе ги изведат своите демонстрации во амфитеатоарот.

Во петок ќе ги известиме најдобрите учениците кои со своите демонстрации, повторно, во сабота ќе се претстават во амфитеатарот.

Учениците кои се пријавиле за тест натпревар им поскауваме пријатна подготовка.

Учесниците што се пријавиле, а уште не уплатиле котизација тоа да го сторат согласно известувањето за Школата. За сите усогласувања на електронскиот извод во банка од ДФРМ и вашите уплати, контактирајте со благајникот на ДФРМ, Ристе Попески – Димовски.

Листа на пријавени наставници XL-Школа „Млади Физичари“

ДФРМ
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (06.11.2015)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (06.11.2015)
 
Почитувани посетители и учесници !
 
Со почит
ДФРМ
 

More Articles...

Page 11 of 11

<< Start < Prev 11 Next > End >>

15th Conference 2024 September 19-22, Ohrid, Macedonia

15th Conference of the Society of Physicists of Macedonia 2024

September 19-22, Ohrid, Macedonia

 

FOR MORE INFORMATION PLEASE VISIT THE CONFERENCE WEBSITE

 

https://dfrmconference.wixsite.com/cspm2024

SOCIETY OF THE PHYSICISTS OF MACEDONIA is announcing

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки
Скопје, Македонија, 24 ‐ 26 ноември 2023

International Conference on Education in Mathematics, Physics, and Related Science
November, 24 – 26, 2023, Skopje, Macedonia

БИЛТЕН НА ДРУШТВОТО НА ФИЗИЧАРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки Скопје, 27-28 септември 2019

ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

ПО 10 ГОДИНИ, ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

Последниот број на списанието за популаризација на физиката ИМПУЛС, број 55, дојде до рацете на учениците во 2008 година. Потоа, поради прекинот на продажбата на списанијата од ваков вид низ училиштата, ИМПУЛС влезе во децениски сон. Сон дека некогаш пак ќе се издава и печати, со цел учениците - љубители на физиката - да можат да уживаат во неговите содржини...

ПРЕВЗЕМИ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ

 

Благодарност !

На неколку дена пред почетокот на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која годинава се одржува од 2 до 11 декември во Габороне Боцвана, тимот ученици кој ќе ја преставува Република Македонија успеа да ги собере потребните средства за учество на истата. Тимот ученици и нивните водачи најтопло би сакале да се заблагодарат на финансиската подршка која ја добија од:

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

АРХИВА НА „ИМПУЛС“

Почитувани посетители,

Во наредниот период  дневно ќе бидат објавувани од архивата по неколку броеви од списанието „Импулс“ за популаризација на физиката. 

За да пристапите до саканиот број тоа можете да го направите и преку главното мени соодветно: ПУБЛИКАЦИИ -> СПИСАНИЕ „ИМПУЛС“ -> АРХИВА -> ( и тука го избирате соодветниот број )

Во оваа секција подолу ќе бидат објавувани само привремено најново додадените архивски броеви од списанието, онака како што ќе се објавуваат во текот на една седмица.


Faculty of Natural Sciences and Mathematics, University Ss. Cyril and Methodius, Skopje, Macedonia

grbpmfpmf-logo-white-flattend

Number of Visits:


Warning: Creating default object from empty value in /home/php/src/modules/mod_stats/helper.php on line 106
Content View Hits : 553228