ИЗВЕСТУВАЊЕ (02.06.2025)
ДФРМ ја објавува програмата за 48. Државен натпревар по физика за учениците од основните училишта што ќе се одржи на 07. 06. 2025 година на Природно – математичкиот факултет – Скопје (Горна зграда) со почеток од 10 часот.
Преземи ја програмата
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (28.05.2025)
Во рамките на одбележувањето на Меѓународната година на квантната наука и технологија (IYQ), на Институтот за физика при ПМФ – Скопје, на 2 јуни 2025 година (понеделник) со почеток во 12.15 часот, во Големиот физички амфитеатар, проф. д-р Драги Каревски ќе одржи предавање со наслов
„Contextuality, entanglement and other curiosities in quantum mechanics“.
Проф. д-р Драги Каревски доаѓа од Универзитетот во Лорен, Оддел за теориска физика и хемија, Нанси, Франција (Université de Lorraine, CNRS, Department of Theoretical Physics and Chemistry (LPCT), Nancy, France), каде што во моментов е директор на Лабораторијата за теориска физика и хемија (LPTC).
Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на предавањето, коешто ќе биде наменето за поширока публика.
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (27.05.2025)
Друштвото на физичарите на Република Македонија од 26 до 30 јуни 2025 година во Охрид ја организира 7. Балканска олимпијада по физика за средношколци од 17 земји од Европа и Азија. На олимпијадата ќе се натпреваруваат 65 ученици од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Молдавија, Грција, Кипар, Бугарија, Албанија, Турција, Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Киргистан, Казахстан и Туркменистан.
Бидејќи ДФРМ не доби финансиска подршка за оваа олимпијада од ниту една од надлежните институции во Македонија (Влада, МОН, Министерство за социјална политика, демографија и млади), во последнава година бевме приморани да ги собереме потребните средства преку донации од општествено одговорни лица и организации на кои најтопло им се заблагодаруваме! Останува да се собере уште дел од потребите средства со кои успешно ќе ја организираме олимпијадата и Македонија ќе ја преставиме во најдобро светло пред светот. Затоа замолуваме да ја подржите оваа донаторска акција на ДФРМ организирана преку платформата GoFundMe.com.
При донација, бидејќи Македонија ја нема на листата од паѓачкото мени одберете произволна држава од менито и поштенски број.
https://www.gofundme.com/f/help-fund-the-7th-balkan-physics-olympiad?attribution_id=sl%3A2f1c3f97-7aa1-4307-9e9d-2446e6323b10&utm_campaign=natman_sharesheet_dash&utm_content=amp15_t3-amp14_t1&utm_medium=customer&utm_source=facebook
ИЗВЕСТУВАЊЕ (27.05.2025)
1. По завршувањето на Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика (одржан на 21.03.2025 година), која ќе се одржи во периодот од 13 до 17 јуни 2025 година во Софија, Бугарија, Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада:
1. Искра Нечаковска, III година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола
2. Андреј Стојановски, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
3. Дамјан Стојанов, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
4. Михаил Шапчески, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
5. Матеа Митревска, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
Водачи на тимот ученици ќе бидат:
1. м-р Христијан Кочанковски – претседател на комисија за натпревари при ДФРМ
2. Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимпиец.
2. По завршувањето на Селекциониот натпревар за Балканската олимпијада по физика (одржан на 09.05.2025 година), која ќе се одржи во периодот од 26 до 30 јуни 2025 година во Охрид, Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада:
1. Даниел Христовски, II година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
2. Андрија Младеновиќ, II година, Математичко-информатичка гимназија, Скопје
3. Јаков Геговски, I година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
4. Андреј Тасиќ, I година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
5. Елена Јовановиќ, II година, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје (резервен член)
Водачи на тимот ученици ќе бидат:
1. проф. Станиша Велковиќ – член на ДФРМ и поранешен олимпиец
2. Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимпиец.
На двата тима ДФРМ им посакува голем успех на претстојните олимпијади!
ИЗВЕСТУВАЊЕ (29.04.2025)
1. Селекциониот натпревар за Балканската олимпијада по физика која ќе се одржи од 26 до 30 јуни 2025 година во Охрид, Македонија, ќе се одржи на 09.05.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 5.05.2025 година.
Преземи го списокот на поканети ученици за БПО
2. Селекциониот натпревар за Меѓународната олимпијада по физика која ќе се одржи од 17 до 25 јули 2025 година во Париз, Франција, ќе се одржи на 23.05.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 19.05.2025 година.
Преземи го списокот на поканети ученици за IPhO
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (28.04.2025)
По завршувањето на Државниот натпревар по физика за учениците од средните училишта одржан на 26.04.2025 година ДФРМ го објавува списокот на наградени ученици. На сите наградени ученици и на сите ученици кои учествуваа на државниот натпревар им го честитаме успехот.
Преземи го списокот на наградени ученици од државниот натпревар
Средно образование
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (22.04.2025)
ДФРМ ја објавува програмата за 67. Државен натпревар по физика за учениците од средните училишта што ќе се одржи на 26. 04. 2025 година на Природно – математичкиот факултет – Скопје (Горна зграда) со почеток од 10 часот.
Преземи ја програмата
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (09.04.2025)
По завршувањето на регионалните натпревари по физика одржани на 5.04.2025 година ДФРМ го објавува списокот на ученици кои избориле пласман на Републичките натпревари по физика.
Преземи го списокот учесници на републичките натпревари
Основно образование
Средно образование
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (01.04.2025)
Денес, 1 април 2025 година, градот Гетинген се слави како историско место на Европското друштво на физичарите (EPS), признавајќи го придонесот на научниците кои работеле во градот за основањето и развојот на квантната физика. Во оваа прилика Европското физичко друштво (ЕПС) заедно со неговите здруженија членки: the Austrian Physical Society, Danish Physical Society, French Physical Society, Finnish Physical Society, German Physical Society, Institute of Physics (UK and Ireland), Italian Physical Society, Lithuanian Physical Society, Society of Physicists of Macedonia, Polish Physical Society, Spanish Royal Physical Society and the Swiss Physical Society се приклучуваат кон прославата потпишувајќи заедничка декларација за иднината на квантната наука.
Квантната наука останува поле кое брзо се развива, кое со себе носи нови и неочекувани резултати. Технологиите засновани на овие откритија можат да ги променат животите, да се справат со општествените предизвици и да го поттикнат научниот и економскиот напредок.
Прославата на историското место на EPS и Декларацијата за EPS се дел од активностите на EPS во Меѓународната година на квантната наука и технологија. International Year of Quantum Science and Technology.
Today, 1st April 2025, the City of Göttingen is celebrated as an EPS Historic Site, recognising the contributions made by scientists working in the city to the foundation and development of Quantum Physics. On this occasion the European Physical Society (EPS) along with its Member Societies, the Austrian Physical Society, Danish Physical Society, French Physical Society, Finnish Physical Society, German Physical Society, Institute of Physics (UK and Ireland), Italian Physical Society, Lithuanian Physical Society, Society of Physicists of Macedonia, Polish Physical Society, Spanish Royal Physical Society and the Swiss Physical Society also wish to look forward with a joint declaration on the future of Quantum Science.
Quantum Science remains a rapidly developing field, bringing with it new and unexpected results. Technologies based on these discoveries can change lives, address societal challenges and drive scientific and economic progress.
The EPS Historic Site celebration and the EPS Declaration form part of the EPS’ activities in the International Year of Quantum Science and Technology.
100 години квантна механика

Рок за пријавување е продолжен до 6 април.
Пријавете се на 100 ГОДИНИ КВАНТНА МЕХАНИКА.
По повод годината на квантната наука и технологија, Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при ПМФ – Скопје Ве покануваат на Семинарот „100 години квантна механика“, којшто ќе се одржи на 11 април 2025 година, во просториите на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Програмата ќе биде дополнително објавена.
Пријавувањето ќе биде отворено се’ до пополнување на бројот на слободни места по принципот „прв пријавен/прв услужен“.
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (21.03.2025)
ДФРМ го објавува списокот на училишта домаќини на регионалните натпревари кои ќе се одржат на 5.04.2025 година со почеток од 10 часот.
Преземи ги информациите
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (18.03.2025)
Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2025 година во Софија, Бугарија ќе се одржи на 28.03.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (17.03.2025)
Друштвото на физичарите на Република Македонија изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани и посакува брзо закрепнување на повредените.
Во духот на солидарноста Друштвото на физичарите на Република Македонија ги откажува сите предвидени активности до 23.03.2025 година.
Никогаш да не се повтори!
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (12.03.2025)

По повод годината на квантната наука и технологија, Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при ПМФ – Скопје Ве покануваат на Семинарот „100 години квантна механика“, којшто ќе се одржи на 11 април 2025 година, во просториите на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Програмата ќе биде дополнително објавена.
Пријавете се на 100 ГОДИНИ КВАНТНА МЕХАНИКА.
Рок за пријавување до 31 март.
Пријавувањето ќе биде отворено се’ до пополнување на бројот на слободни места по принципот „прв пријавен/прв услужен“.
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (20.02.2025)
Друштвото на физичарите на Република Македонија ги известува своите членови дека редовното годишно Собрание ќе го одржи на 14.03.2025 година (петок), со почеток од 13 часот на ПМФ – Скопје.
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (14.02.2025)
Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2025 година во Софија, Бугарија ќе се одржи на 21.03.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 14.03.2025 година.
Преземи го списокот на поканети ученици
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (12.02.2025)
По завршувањето на општинските натпревари по физика одржани на 7.02.2025 година ДФРМ го објавува списокот на ученици кои избориле пласман на Регионалните натпревари.
Преземи го списокот учесници на регионалните натпревари
Основно образование
Средно образование
Ги потсетуваме учениците дека Регионалните натпревари ќе се одржат во 5 региони на 5.04.2025 година. Сите информации за учество на регионалните нетпревари се дадени во известувањето подолу.
Преземи го известувањето за регионалните натпревари
Со почит,
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (04.02.2025)
Почитувани,
ДФРМ го објавува списокот со училиштата домаќини и професори координатори за Општинскиот натпревар по физика кој ќе се одржи на 07.02.2025 година со почеток од 12 часот.
Преземи список со училиштата домаќини и професори координатори
Со почит,
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (30.01.2025)
Реакција на Концепцијата за Гимназиско образование претставена од Министерството за образование и наука во јануари 2025 година од Друштво на физичарите на Република Македонија.
Реакција на Концепцијата за Гимназиско образование претставена од Министерството ДФРМ pdf.
ИЗВЕСТУВАЊЕ (11.11.2024)
Почитувани ученици и наставници, ДФРМ ја објавува програмата за XLVI Школа „Млади физичари“ којашто ќе се одржи на 14 и 15 ноември 2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Ве очекуваме!
Преземи ја програмата за средни училишта.
Преземи ја програмата за основни училишта.
Со почит
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (01.11.2024)
ДФРМ ги објавува датумите за општинските, регионалните и државните натпревари по физика за учебната 2024/2025 година.
Преземи ги сите датумите и останатите информации за натпреварите.
Преземи ги темите за натпреварите (8 и 9 одд.)
Преземи ги темите за натпреварите (I-IV год.)
Преземи список со литература за подготовка
Со почит,
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (08.10.2024.)
Почитувани ученици и наставници, ДФРМ ја најавува XLVI Школа „Млади физичари“ којашто ќе се одржи на 14 и 15 ноември 2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Пријавете се најдоцна до 31.10.2024 година.
Превземи го известувањето
Преземи го образецот „Опис на експериментот“
Ве очекуваме,
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (08.07.2024.)
По одржаниот Прв селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година, ги известуваме учениците кои освоиле пласман на Вториот селекционен натпревар дека истиот ќе се одржи на 04.09.2024 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Преземи го списокот на ученици кои ќе учествуваат на вториот селекционен натпревар
Преземи го известувањето за вториот селекционен натпревар
Преземи го списокот на литература за подготовки
Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД
ИЗВЕСТУВАЊЕ (13.06.2024.)
НА 05.07.2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржи Првиот селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година. ДФРМ, СХТМ и МБД ги покануваат учениците кои освоиле најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија да учествуваат на овој натпревар. Подолу се дадени целосните информации за овој натпревар како и списокот на учениците кои може да учествуваат (се поканети) на истиот. Пријавувањето за учеството да се направи најдоцна до 26.06.2024 година до 23.59 часот, на адресата fizikanatprevari@gmail.com
Преземи го известувањето на Првиот селекционен натпревар
Преземи го списокот на поканети ученици
Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД