ИЗВЕСТУВАЊЕ (20.02.2025)
Друштвото на физичарите на Република Македонија ги известува своите членови дека редовното годишно Собрание ќе го одржи на 14.03.2025 година (петок), со почеток од 13 часот на ПМФ – Скопје.
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (14.02.2025)
Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2025 година во Софија, Бугарија ќе се одржи на 21.03.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 14.03.2025 година.
Преземи го списокот на поканети ученици
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (12.02.2025)
По завршувањето на општинските натпревари по физика одржани на 7.02.2025 година ДФРМ го објавува списокот на ученици кои избориле пласман на Регионалните натпревари.
Преземи го списокот учесници на регионалните натпревари
Основно образование
Средно образование
Ги потсетуваме учениците дека Регионалните натпревари ќе се одржат во 5 региони на 5.04.2025 година. Сите информации за учество на регионалните нетпревари се дадени во известувањето подолу.
Преземи го известувањето за регионалните натпревари
Со почит,
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (04.02.2025)
Почитувани,
ДФРМ го објавува списокот со училиштата домаќини и професори координатори за Општинскиот натпревар по физика кој ќе се одржи на 07.02.2025 година со почеток од 12 часот.
Преземи список со училиштата домаќини и професори координатори
Со почит,
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (30.01.2025)
Реакција на Концепцијата за Гимназиско образование претставена од Министерството за образование и наука во јануари 2025 година од Друштво на физичарите на Република Македонија.
Реакција на Концепцијата за Гимназиско образование претставена од Министерството ДФРМ pdf.
ИЗВЕСТУВАЊЕ (11.11.2024)
Почитувани ученици и наставници, ДФРМ ја објавува програмата за XLVI Школа „Млади физичари“ којашто ќе се одржи на 14 и 15 ноември 2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Ве очекуваме!
Преземи ја програмата за средни училишта.
Преземи ја програмата за основни училишта.
Со почит
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (01.11.2024)
ДФРМ ги објавува датумите за општинските, регионалните и државните натпревари по физика за учебната 2024/2025 година.
Преземи ги сите датумите и останатите информации за натпреварите.
Преземи ги темите за натпреварите (8 и 9 одд.)
Преземи ги темите за натпреварите (I-IV год.)
Преземи список со литература за подготовка
Со почит,
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (08.10.2024.)
Почитувани ученици и наставници, ДФРМ ја најавува XLVI Школа „Млади физичари“ којашто ќе се одржи на 14 и 15 ноември 2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Пријавете се најдоцна до 31.10.2024 година.
Превземи го известувањето
Преземи го образецот „Опис на експериментот“
Ве очекуваме,
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (08.07.2024.)
По одржаниот Прв селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година, ги известуваме учениците кои освоиле пласман на Вториот селекционен натпревар дека истиот ќе се одржи на 04.09.2024 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Преземи го списокот на ученици кои ќе учествуваат на вториот селекционен натпревар
Преземи го известувањето за вториот селекционен натпревар
Преземи го списокот на литература за подготовки
Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД
ИЗВЕСТУВАЊЕ (13.06.2024.)
НА 05.07.2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржи Првиот селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година. ДФРМ, СХТМ и МБД ги покануваат учениците кои освоиле најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија да учествуваат на овој натпревар. Подолу се дадени целосните информации за овој натпревар како и списокот на учениците кои може да учествуваат (се поканети) на истиот. Пријавувањето за учеството да се направи најдоцна до 26.06.2024 година до 23.59 часот, на адресата fizikanatprevari@gmail.com
Преземи го известувањето на Првиот селекционен натпревар
Преземи го списокот на поканети ученици
Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД