ИЗВЕСТУВАЊЕ  (23.02.2026)

Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2026 година во Готенбург, Шведска се презакажува и наместо на 20.03.2026 година ќе се одржи на 27.03.2026 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Потврдата за учество на Селекциониот натпревар, поканатите ученици, треба да ја направат најдоцна до 13.03.2026 година (23.59h) на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com

Списокот на поканети ученици на Селекциониот натпревар е даден подолу.
Превземи го списокот на поканети ученици

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (11.02.2026)

По спроведените општински натпревари ДФРМ го објавува списокот на ученици кои добија пласман на Регионалните натпревари по физика кои ќе се одржат на 04.04.2026 година со почеток од 10 часот. 

Преземи го известувањето и информациите за регионалните натпревари
Преземи го списокот на ученици од основно училиште
Преземи го списокот на ученици од средно училиште

На сите натпреварувачи им го честитаме успехот на оптшинските натпревари.
Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (03.02.2026)

ДФРМ заедно со колективите на наставници по физика во секоја општина ги одреди училиштата домаќини и координаторите на општинските натпревари.
Потсетуваме дека натпреварот ќе започне во 12 часот во петок (6.02.2026 година).
Учениците треба да пристигнат во дворот на училиштето домаќин најкасно половина час пред почетокот на натпреварот во придружба на своите ментори.

Преземи го списокот со училишта домаќини

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (02.02.2026)

Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2026 година во Готенбург, Шведска ќе се одржи на 20.03.2026 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Потврдата за учество на Селекциониот натпревар, поканатите ученици, треба да ја направат најдоцна до 13.03.2026 година (23.59h) на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com

Списокот на поканети ученици на Селекциониот натпревар е даден подолу.
Превземи го списокот на поканети ученици

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (01.12.2025)

На 22. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржува од 23 ноември до 2 декември 2025 година во Сочи, Русија, олимпијците од Македонија освоија 4 бронзени медали

Освојувачи на медалите се:
Валентино Атанасоски, ученик во прва година ПСУ Јахја Кемал, Скопје,
Дора Милева, ученичка во прва година во СОУ „Јане Сандански“ Штип,
Јордан Соколовски, ученик во прва година во ПСУ Јахја Кемал, Скопје,
Дамјан Чамушев, ученик во деветто одделение ООУ „Ванчо Прке“ Штип,

На олимпијадата успешно го претставија своето знаење и
Глигор Иваноски, ученик во прва година во Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп,
Никола Зорески, ученик во прва година во ПСУ Алгоритам, Скопје.

Водачи на тимот на оваа олимпијада беа:
д-р Боце Митрески, редовен професор на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ,
д-р Методија Најдоски, редовен професор на ПМФ во Скопје и член на СХТМ и
дипл. мол. био. Филип Петровски, демонстратор на ПМФ во Скопје и член на МБД.

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодаруваат на водачите и на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните, државните натпревари по физика, хемија и биологија, како и на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот. Голема благодарност и до Природно – математичкиот факултет и сите негови вработени кои во последниве три месеци активно се вклучија во подготовките на тимот.

Голема благодарност упатуваме и до Министерството за образование и наука за обезбедените средства за учество на оваа олимпијада, како и до општествено одговорните компании: Eam T-Shirts, Albatros – Модна конфекција, Ангротекс – Штип, и Ekohem Klin – Прилеп.

Честитки за младите македонски олимпијци и многу успеси и понатаму!
ДФРМ, СХТМ и МБД

Трето соопштение и програма за КОМФСН 2025

Почитувани,
Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на Петтата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, во периодот од 28 до 30 ноември 2025 година. Во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и Природно-математичкиот факултeт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а посветена на Проф. д-р Наум Целакоски.

Превземи го постерот за КОМФСН 2025
Превземи ја програмата за КОМФСН 2025
Превземи го третото соопштение за КОМФСН 2025
Third announcement for the Fifth International Conference on Education in Mathematics, Physics and Related Science, November 28-30, 2025, Skopje

ДФРМ

Програма за 47 Школа „Млади физичари“

Почитувани ученици и наставници, ДФРМ ја објавува програмата за XLVII Школа „Млади физичари“ којашто ќе се одржи на 13 и 14 ноември 2025 година на Природно-математичкиот факултет, Институт за физика во Скопје.

Четврток, 13 ноември 2025 – средни училишта
Превземи ја програмата за средни училишта
Петок, 14 ноември 2025 – основни училишта
Превземи ја програмата за основни училишта

Напомена: Учениците да имаат испринтан образец „Опис на експеримент“

Ве очекуваме!
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (27.10.2025)

ДФРМ ги објавува датумите за Општинските, Регионалните и Државните натпревари по физика за учебната 2025/2026 година. Од оваа година ДФРМ ќе организира натпревари по физика и за учениците од 7 одделение.
Преземи ги целокупните информации за натпреварите.
Датуми за натпревари 2026
Збирки за подготовка 2026
Теми за натпревари по физика (7,8 и 9 одделение)
Теми за натпревари по физика (I-IV година)

ДФРМ

XLVII Школа „Млади физичари“

Почитувани директори, наставници, ученици и родители,

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) го најавува одржувањето на  XLVII Школа „Млади физичари“ и Ве повикува на учество.

Превземи известување за XLVII Школа „Млади физичари“.

Школата е наменета за

  • ученици од средните училишта (сите години и струки) и нивните наставници по физика (четврток, 13 ноември 2025 година)
  • ученици од основните училишта (седмо, осмо и деветто одделение) и нивните наставници по физика (петок, 14 ноември 2025 година)

Изложбата и натпреварот со демонстрации, експерименти, изработки, модели и симулации е од отворен тип и може да ја посети секој граѓанин.

Програмата вклучува:

  • Предавања
  • Демонстрации, експерименти и изработки

Секој регистриран учесник на Школата „Млади физичари“ добива:

  • Сертификат за учество на школата „Млади физичари“
  • Посета на предавањата и изложбите (експерименти, штандови и сл.)
  • Успешните ученици и нивните ментори во делот експерименти добиваат и диплома
  • Освежување и закуска

Пријавата за учество на Школата се пополнува најдоцна до 3 ноември 2025 на еден од следните линкови:
– Ученици од средни училишта
https://docs.google.com/forms/d/1k20JebdqbeV2qo00m-hRz7JH3l5ifM07dRHnhhbCDY0/edit
– Ученици од основни училишта (седмо, осмо и деветто одделение)
https://docs.google.com/forms/d/19S9l3yVe6ROfAgy-Ea0kFgWBM0OJmXWrJl464yGD4F4/edit
– Наставници ментори
https://docs.google.com/forms/d/1qgbBTa3DIuCba3WEe1DyOUqvWKCNPzHxcR5UIDNLDGs/edit

ПОДАТОЦИТЕ ВО СЕРТИФИКАТОТ И ДИПЛОМАТА ЌЕ БИДАТ ВНЕСЕНИ ИДЕНТИЧНО КАКО ШТО Е ПОТПОЛНЕТА ПРИЈАВАТА.

Со експеримент може да се претстави ученик или група од најмногу двајца ученици. Оценувањето на експериментите ќе биде, 50% од изработка и 50% од презентација.

Оние ученици што ќе се пријават со експеримент треба да испратат пополнет образец „Опис на експериментот“ најдоцна до 3 ноември 2025 на dfrm1949@gmail.com.

Превземи Опис на експериментот

Експерименти кои се презентирани на претходни настани (натпревари, изложби и слично), како Школа „Млади физичари“ во претходните години, Народна техника, Ноември-месец на науката, Конференции (пример во Алексинац и сл.), Еразмус проекти и други настани во Македонија и странство нема да бидат рангирани за награди.

Оние ученици што ќе се пријават со експеримент треба да испратат пополнет образец „Опис на експериментот“ најдоцна до 3 ноември 2025 година на dfrm1949@gmail.com.

Краен рок за пријавување за Школата „Млади физичари“ е 3 ноември 2025 година (23.59)

Котизацијата за учество на XLVII Школа „Млади физичари“ 2025
За ученици
– 700 ден. (уплата најдоцна до 3 ноември 2025)
– 1000 ден. (уплата по 3 ноември 2025)
– 20 евра (за ученици од странство)

За наставници
– 200 ден. за членови на ДФРМ (платена членарина за 2025), за уплата до 3 ноември 2025
– 400 ден. за членови на ДФРМ (платена членарина за 2025), за уплата по 3 ноември 2025
– 0 ден. за членови на ДФРМ (ако е ментор на најмалку пет ученици)
– 900 ден. за наставници кои не се членови на ДФРМ, уплата до 3 ноември 2025
– 1200 ден. за наставници кои не се членови на ДФРМ, уплата по 3 ноември 2025
– 20 евра (за наставници од странство)

Уплатата се врши на жиро сметката на ДФРМ (освен за учесници од странство)
Потребни податоци за уплата*

*Ако се врши уплата на една уплатница за повеќе учесници треба да се испрати список на ученици и ментори за кои важи уплатата на електронската адреса bocemitrevski@gmail.com
ПРЕПИС НА СЕРТИФИКАТ ИЛИ ДИПЛОМА СЕ ДОПЛАЌА ДОПОЛНИТЕЛНО НА УПЛАТНИЦА НА ДФРМ ВО ИЗНОС ОД 500 ДЕНАРИ.

Ве очекуваме со иновативни експерименти, желба за нови знаења од физиката, дружење и забава!

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (24.09.2025)

По одржување на Вториот селекциониот натпревар на Природно-математичкиот факултет на 10 септември 2025 година кој се состоеше во решавање задачи и проблеми од областите предвидени со програмата на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, ДФРМ, СХТМ и МБД го одредија тимот на ученици од Македонија кои ќе учествуваат на 22. Меѓународна јуниорска  олимпијада по природни науки која од 23 ноември до 2 декември 2025 година ќе се одржи во Сочи, Русија:

1. Валентино Атанасоски, ученик во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“ Центар, Скопје (сега ученик во прва година ПСУ Јахја Кемал, Скопје)
2. Дора Милева, ученичка во деветто одделение во ООУ „Ванчо Прќе“ Штип, (сега ученичка во прва година во СОУ „Јане Сандански“ Штип)
3. Јордан Соколовски, ученик деветто одделение во ООУ „Димитар Миладинов“, Центар, Скопје, (сега ученик во прва година во ПСУ Јахја Кемал, Скопје)
4. Глигор Иваноски, ученик во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп, (сега ученик во прва година во Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп)
5. Дамјан Чамушев, ученик во осмо одделение во ООУ „Ванчо Прќе“ Штип, (сега ученик во деветто одделение ООУ „Ванчо Прке“ Штип),
6. Никола Зорески, ученик во деветто одделение во ООУ „Лазо Ангеловски“, Скопје (сега ученик во прва година во ПСУ Алгоритам, Скопје).

Водачи на тимот ќе бидат:
1. проф. д-р Боце Митревски, од Институтот за физика при ПМФ – Скопје и член на ДФРМ,
2. проф. д-р Методија Најдоски, од Институтот за биологија при ПМФ – Скопје и член на СХТМ,
3. Дипл. мол. био. Филип Петровски, член на МБД

На тимот му посакуваме голем успех!

ДФРМ, СХТМ, МБД

Петта меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 28-30 ноември 2025 година, ПМФ, Скопје
ПОСВЕТЕНА НА ПРОФ. Д-Р НАУМ ЦЕЛАКОСКИ


Организатори Сојуз на математичари на Македонија (СММ)
Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св. Кирили
Методиј“ во Скопје
Теми Наставни планови и програми, современи методи и техники во наставата, образовни стандарди, учебници и литература, истражувања во образованието, воннаставни активности, доживотно учење и професионален развој, вреднување на постигнувањата на учениците и наставниците, лабораториски активности и практична работа, образовна технологија, меѓупредметна корелација
Јазик на конференцијата англиски и македонски
Време на одржување 28 – 30 ноември 2025
Место на одржување Природно-математички факултет во Скопје
Котизација 800 денари (за наставен кадар од основните и средните
училишта)
3000 денари (за универзитетски кадар, вработени во
државни образовни институции и други)
Важни датуми (крајни рокови за испраќање)
Пријава за учество (вклучува наслов и апстракт – google форма)* 01.10.2025
Плаќање котизација 15.11.2025
Готов труд** 30.11.2025

*За пријавување пополнете ја следната google форма:
https://forms.gle/Av5Tv6WrXEVJRpRW9

Сите прашања за конференцијата и изготвените трудови се испраќаат на komfsn@gmail.com

** Само презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во Зборникот на трудови на конференцијата. Програмскиот одбор го задржува правото дел од пријавените учесници да ги префрли во постер секција заради оптимизирање на програмата на конференцијата.

Информации за плаќање
Назив и седиште на примач: Сојуз на
математичари на Македонија
Банка на примач: Комерцијална Банка
Жиро сметка: 300000001276071
Цел на дознака: КОМФСН 25 – Име и презиме на учесникот
ЕДБ 4030991121596

Контакти:
Проф. д-р Анета Гацовска – Барандовска, 070 260 811, agacovska@gmail.com
Проф. д-р Боце Митрески, 078 278 545, bocemitrevski@gmail.com

Повеќе информации на:
www.dfrm.org
https://smm.org.mk/
http://im-pmf.weebly.com
https://im.pmf.ukim.edu.mk/tabs/view/c6b72153436f884fc4ad10540b19a627

Во име на Организациониот одбор:
Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски – Претседател на СММ Претседател на ДФРМ
Проф. д-р Ламбе Барандовски – Претседател на ДФРМ

Организационен одбор
Ѓорѓи Маркоски
Ламбе Барандовски
Даворин Трпески
Весна Целакоска-Јорданова
Ирина Петреска
Анета Гацовска-Барандовска
Валентина Миовска
Тафа Амети
Јана Богданоска
Елена Вчкова – Бебековска
Ерблина Зеќири
Стево Ѓоргиев
Ирена Златановска
Александра Наумоска
Славица Тофиловска

17.9.2025 Second announcement for the Fifth International Conference on Education in Mathematics, Physics and Related Science, November 28 – 30, 2025, Skopje

17.9.2025 Второ соопштение за петтата меѓународна конференција за за образованието по математика, физика и сродни науки, Скопје,  28 – 30 ноември 2025

СООПШТЕНИЕ НА ДРУШТВОТО НА ФИЗИЧАРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 7. БАЛКАНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ФИЗИКА

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), од 26 до 30 јуни во Охрид, ќе ја организира 7. Балканска олимпијада по физика – БПО7, натпревар наменет за ученици од првите две години од средните училишта од балканските земји. Натпреварот ќе се одржи под покровителство на Балканската унија на физичари (BPU) и со финансиска поддршка од Европското друштво на физичари (EPS), Природно-математичкиот факултет – Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за образование и наука на Македонија.

На БПО7 ќе учествуваат ученици од 10 земји-членки на BPU (Албанија, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција), како и од 7 гостински земји (Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Казахстан, Киргистан, Словенија, и Туркменистан).

Според Правилникот за натпреварот, секоја земја може да биде претставена од тим од 4 ученици родени по 1 јануари 2008 година, или најмногу 3 месеци пред тој датум, доколку се во истата генерација со учениците кои го исполнуваат наведеното возрасно ограничување. Тимот ќе биде придружуван од 2 до 3 професори назначени како водач, заменик-водач и член на Научниот комитет (само од земјите членки на BPU).

Натпреварот ќе се состои од еден тест со 4 задачи. Официјалниот јазик е англиски, но задачите ќе бидат преведени и на официјалните јазици на земјите од кои учениците доаѓаат.

Вкупниот број на натпреварувачи е 64, а натпреварот ќе се одржи на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид, на кого топло се заблагодаруваме за гостопримството и желбата за соработка.

Друштвото на физичарите на Република Македонија, покрај на споменатите инстуции кои финансиски го подржаа одржувањето на оваа олимпијада им се заблагодарува на сите наши поранешни олимпијци, пријатели и подржувачи на работата со талентираните физичари за нивните донации направени преку платформата за собирање на средства на GOFUNDME и на сметката на ДФРМ. Без овие донации немаше да бидеме во можност да ја организираме оваа олимпијада. 

Топла благодарност до организацијата Global Macedonians за подршката која ја добивме и спремноста да ја помогнат олимпијадата.

Голема благодарност искажуваме и до сите општествено одговорни компании во Македонија кои го подржаа овој настан: Стјуарт Инспект, Телелинк, Титан Усје, Кожувчанка и други.

Искрена благодарност до порталот УМНО:МК, Телевизија ТЕЛМА и Македонското Радио – Радио Скопје за покажаниот интерес за настанот и за одвоениот простор и време во нивните емисии или написи.

Најголема благодарност ДФРМ искажува кон сите членови на Организациониот одбор на оваа олимпијада кои од почетокот на годинава неуморно работеа и сеуште работаат на беспрекорна организација на истата.

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (11.06.2025)

Првиот селекционен натпревар за Меѓународната олимпијада по природни науки која ќе се одржи во декември 2025 година во Сочи, Русија ќе се одржи на 04.07.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 25.06.2025 година (23.59).

Преземи го целосното известување

Преземи го списокот на поканети ученици

ДФРМ, СХТМ, МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (10.06.2025)

По завршувањето на Селекциониот натпревар за Меѓународната олимпијада по физика (одржан на 23.05.2025 година), која ќе се одржи во периодот од 17 до 25 јули 2025 година во Париз, Франција Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада:

1. Искра Нечаковска, III година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола
2. Андреј Стојановски, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
3. Дамјан Стојанов, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
4. Михаил Шапчески, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
5. Матеа Митревска, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

Водачи на тимот ученици ќе бидат:
1. Ламбе Барандовски – претседател на ДФРМ
2. Војо Митревски, член на Комисијата за натпревари при ДФРМ и поранешен олимпиец.

ДФРМ им посакувам голем успех на сите ученици на оваа олимпијада!

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (09.06.2025)

По завршувањето на Државниот натпревар по физика за учениците од основните училишта одржан на 07.06.2025 година ДФРМ го објавува списокот на наградени ученици. На сите наградени ученици и на сите ученици кои учествуваа на државниот натпревар им го честитаме успехот!
Преземи го списокот на наградени ученици од државниот натпревар
Основно образование


ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (02.06.2025)

ДФРМ ја објавува програмата за 48. Државен натпревар по физика за учениците од основните училишта што ќе се одржи на 07. 06. 2025 година на Природно – математичкиот факултет – Скопје (Горна зграда) со почеток од 10 часот.

Преземи ја програмата

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (28.05.2025)

Во рамките на одбележувањето на Меѓународната година на квантната наука и технологија (IYQ), на Институтот за физика при ПМФ – Скопје, на 2 јуни 2025 година (понеделник) со почеток во 12.15 часот, во Големиот физички амфитеатар, проф. д-р Драги Каревски ќе одржи предавање со наслов

„Contextuality, entanglement and other curiosities in quantum mechanics“.

Проф. д-р Драги Каревски доаѓа од Универзитетот во Лорен, Оддел за теориска физика и хемија, Нанси, Франција (Université de Lorraine, CNRS, Department of Theoretical Physics and Chemistry (LPCT), Nancy, France), каде што во моментов е директор на Лабораторијата за теориска физика и хемија (LPTC).

Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на предавањето, коешто ќе биде наменето за поширока публика.

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (27.05.2025)

Друштвото на физичарите на Република Македонија од 26 до 30 јуни 2025 година во Охрид ја организира 7. Балканска олимпијада по физика за средношколци од 17 земји од Европа и Азија. На олимпијадата ќе се натпреваруваат 65 ученици од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Молдавија, Грција, Кипар, Бугарија, Албанија, Турција, Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Киргистан, Казахстан и Туркменистан. 

Бидејќи ДФРМ не доби финансиска подршка за оваа олимпијада од ниту една од надлежните институции во Македонија (Влада, МОН, Министерство за социјална политика, демографија и млади), во последнава година бевме приморани да ги собереме потребните средства преку донации од општествено одговорни лица и организации на кои најтопло им се заблагодаруваме! Останува да се собере уште дел од потребите средства со кои успешно ќе ја организираме олимпијадата и Македонија ќе ја преставиме во најдобро светло пред светот. Затоа замолуваме да ја подржите оваа донаторска акција на ДФРМ организирана преку платформата GoFundMe.com.

При донација, бидејќи Македонија ја нема на листата од паѓачкото мени одберете произволна држава од менито и поштенски број.

https://www.gofundme.com/f/help-fund-the-7th-balkan-physics-olympiad?attribution_id=sl%3A2f1c3f97-7aa1-4307-9e9d-2446e6323b10&utm_campaign=natman_sharesheet_dash&utm_content=amp15_t3-amp14_t1&utm_medium=customer&utm_source=facebook

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (27.05.2025)

1. По завршувањето на Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика (одржан на 21.03.2025 година), која ќе се одржи во периодот од 13 до 17 јуни 2025 година во Софија, Бугарија, Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада: 
1. Искра Нечаковска, III година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола
2. Андреј Стојановски, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
3. Дамјан Стојанов, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
4. Михаил Шапчески, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
5. Матеа Митревска, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

Водачи на тимот ученици ќе бидат:
1. м-р Христијан Кочанковски – претседател на комисија за натпревари при ДФРМ
2. Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимпиец.

2. По завршувањето на Селекциониот натпревар за Балканската олимпијада по физика (одржан на 09.05.2025 година), која ќе се одржи во периодот од 26 до 30 јуни 2025 година во Охрид, Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада:
 1. Даниел Христовски, II година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
2. Андрија Младеновиќ, II година, Математичко-информатичка гимназија,  Скопје
3. Јаков Геговски, I година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
4. Андреј Тасиќ, I година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
5. Елена Јовановиќ, II година, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје (резервен член)

Водачи на тимот ученици ќе бидат:
1. проф. Станиша Велковиќ  – член на ДФРМ и поранешен олимпиец
2. Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимпиец.

На двата тима ДФРМ им посакува голем успех на претстојните олимпијади!

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (29.04.2025)

1. Селекциониот натпревар за Балканската олимпијада по физика која ќе се одржи од 26 до 30 јуни 2025 година во Охрид, Македонија, ќе се одржи на 09.05.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 5.05.2025 година.

Преземи го списокот на поканети ученици за БПО


2. Селекциониот натпревар за Меѓународната олимпијада по физика која ќе се одржи од 17 до 25 јули 2025 година во Париз, Франција, ќе се одржи на 23.05.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 19.05.2025 година.

Преземи го списокот на поканети ученици за IPhO

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (28.04.2025)

По завршувањето на Државниот натпревар по физика за учениците од средните училишта одржан на 26.04.2025 година ДФРМ го објавува списокот на наградени ученици. На сите наградени ученици и на сите ученици кои учествуваа на државниот натпревар им го честитаме успехот. 
Преземи го списокот на наградени ученици од државниот натпревар
Средно образование

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (22.04.2025)

ДФРМ ја објавува програмата за 67. Државен натпревар по физика за учениците од средните училишта што ќе се одржи на 26. 04. 2025 година на Природно – математичкиот факултет – Скопје (Горна зграда) со почеток од 10 часот.

Преземи ја програмата

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (09.04.2025)

По завршувањето на регионалните натпревари по физика одржани на 5.04.2025 година ДФРМ го објавува списокот на ученици кои избориле пласман на Републичките натпревари по физика.
Преземи го списокот учесници на републичките натпревари
Основно образование
Средно образование

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (01.04.2025)

Денес, 1 април 2025 година, градот Гетинген се слави како историско место на Европското друштво на физичарите (EPS), признавајќи го придонесот на научниците кои работеле во градот за основањето и развојот на квантната физика. Во оваа прилика Европското физичко друштво (ЕПС) заедно со неговите здруженија членки: the Austrian Physical Society, Danish Physical Society, French Physical Society, Finnish Physical Society, German Physical Society, Institute of Physics (UK and Ireland), Italian Physical Society, Lithuanian Physical Society, Society of Physicists of Macedonia, Polish Physical Society, Spanish Royal Physical Society and the Swiss Physical Society се приклучуваат кон прославата потпишувајќи заедничка декларација за иднината на квантната наука.

Квантната наука останува поле кое брзо се развива, кое со себе носи нови и неочекувани резултати. Технологиите засновани на овие откритија можат да ги променат животите, да се справат со општествените предизвици и да го поттикнат научниот и економскиот напредок.

Прославата на историското место на EPS и Декларацијата за EPS се дел од активностите на EPS во Меѓународната година на квантната наука и технологија. International Year of Quantum Science and Technology.

Today, 1st April 2025, the City of Göttingen is celebrated as an EPS Historic Site, recognising the contributions made by scientists working in the city to the foundation and development of Quantum Physics. On this occasion the European Physical Society (EPS) along with its  Member Societies,  the Austrian Physical Society, Danish Physical Society, French Physical Society, Finnish Physical Society, German Physical Society, Institute of Physics (UK and Ireland), Italian Physical Society, Lithuanian Physical Society, Society of Physicists of Macedonia, Polish Physical Society, Spanish Royal Physical Society and the Swiss Physical Society also wish to look forward with a joint declaration on the future of Quantum Science.

Quantum Science remains a rapidly developing field, bringing with it new and unexpected results. Technologies based on these discoveries can change lives, address societal challenges and drive scientific and economic progress.

The EPS Historic Site celebration and the EPS Declaration form part of the EPS’ activities in the International Year of Quantum Science and Technology.

ПРЕЗЕМИ ЈА ДЕКЛАРАЦИЈАТА

100 години квантна механика

Рок за пријавување е продолжен до 6 април.
Пријавете се на 100 ГОДИНИ КВАНТНА МЕХАНИКА.


По повод годината на квантната наука и технологија, Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при ПМФ – Скопје Ве покануваат на Семинарот „100 години квантна механика“, којшто ќе се одржи на 11 април 2025 година, во просториите на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Програмата ќе биде дополнително објавена.
Пријавувањето ќе биде отворено се’ до пополнување на бројот на слободни места по принципот „прв пријавен/прв услужен“.

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (21.03.2025)

ДФРМ го објавува списокот на училишта домаќини на регионалните натпревари кои ќе се одржат на 5.04.2025 година со почеток од 10 часот.

Преземи ги информациите

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (18.03.2025)

Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2025 година во Софија, Бугарија ќе се одржи на 28.03.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (17.03.2025)

Друштвото на физичарите на Република Македонија изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани и посакува брзо закрепнување на повредените.
Во духот на солидарноста Друштвото на физичарите на Република Македонија ги откажува сите предвидени активности до 23.03.2025 година.
Никогаш да не се повтори!

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (12.03.2025)

По повод годината на квантната наука и технологија, Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при ПМФ – Скопје Ве покануваат на Семинарот „100 години квантна механика“, којшто ќе се одржи на 11 април 2025 година, во просториите на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Програмата ќе биде дополнително објавена.

Пријавете се на 100 ГОДИНИ КВАНТНА МЕХАНИКА.
Рок за пријавување до 31 март.
Пријавувањето ќе биде отворено се’ до пополнување на бројот на слободни места по принципот „прв пријавен/прв услужен“.

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (20.02.2025)

Друштвото на физичарите на Република Македонија ги известува своите членови дека редовното годишно Собрание ќе го одржи на 14.03.2025 година (петок), со почеток од 13 часот на ПМФ – Скопје.

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (14.02.2025)

Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2025 година во Софија, Бугарија ќе се одржи на 21.03.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 14.03.2025 година.

Преземи го списокот на поканети ученици

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (12.02.2025)

По завршувањето на општинските натпревари по физика одржани на 7.02.2025 година ДФРМ го објавува списокот на ученици кои избориле пласман на Регионалните натпревари.
Преземи го списокот учесници на регионалните натпревари
Основно образование
Средно образование

Ги потсетуваме учениците дека Регионалните натпревари ќе се одржат во 5 региони на 5.04.2025 година. Сите информации за учество на регионалните нетпревари се дадени во известувањето подолу.
Преземи го известувањето за регионалните натпревари

Со почит,
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (04.02.2025)

Почитувани,
ДФРМ го објавува списокот со училиштата домаќини и професори координатори за Општинскиот натпревар по физика кој ќе се одржи на 07.02.2025 година со почеток од 12 часот. 

Преземи список со училиштата домаќини и професори координатори

Со почит,
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (30.01.2025)

Реакција на Концепцијата за Гимназиско образование претставена од Министерството за образование и наука во јануари 2025 година од Друштво на физичарите на Република Македонија.

Реакција на Концепцијата за Гимназиско образование претставена од Министерството ДФРМ pdf.

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (11.11.2024)

Почитувани ученици и наставници, ДФРМ ја објавува програмата за XLVI Школа „Млади физичари“ којашто ќе се одржи на 14 и 15 ноември 2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Ве очекуваме!

Преземи ја програмата за средни училишта.
Преземи ја програмата за основни училишта.

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (01.11.2024)

ДФРМ ги објавува датумите за општинските, регионалните и државните натпревари по физика за учебната 2024/2025 година. 
Преземи ги сите датумите и останатите информации за натпреварите.
Преземи ги темите за натпреварите (8 и 9 одд.)
Преземи ги темите за натпреварите (I-IV год.)
Преземи список со литература за подготовка
Со почит,
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (08.10.2024.)

Почитувани ученици и наставници, ДФРМ ја најавува XLVI Школа „Млади физичари“ којашто ќе се одржи на 14 и 15 ноември 2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Пријавете се најдоцна до 31.10.2024 година.
Превземи го известувањето
Преземи го образецот „Опис на експериментот“
Ве очекуваме,
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (08.07.2024.)

По одржаниот Прв селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година, ги известуваме учениците кои освоиле пласман на Вториот селекционен натпревар дека истиот ќе се одржи на 04.09.2024 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Преземи го списокот на ученици кои ќе учествуваат на вториот селекционен натпревар
Преземи го известувањето за вториот селекционен натпревар
Преземи го списокот на литература за подготовки
Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ (13.06.2024.)

НА 05.07.2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржи Првиот селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година. ДФРМ, СХТМ и МБД ги покануваат учениците кои освоиле најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија да учествуваат на овој натпревар. Подолу се дадени целосните информации за овој натпревар како и списокот на учениците кои може да учествуваат (се поканети) на истиот. Пријавувањето за учеството да се направи најдоцна до 26.06.2024 година до 23.59 часот, на адресата fizikanatprevari@gmail.com
Преземи го известувањето на Првиот селекционен натпревар
Преземи го списокот на поканети ученици
Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД