• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Archived announcments

Известување (10.09.2016)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.09.2016)

Почитувани колеги,

Почитувани ученици,
почитувани членови на здруженијата кои обединуваат наставници во прилог на пораката е програма за настанот „Ноември - месец на науката“, во рамките на кој ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.

Настанот е во организација на Друштвото на физичарите на Р. Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно - математички факултет и Skopje City Mall.

Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р. Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика, хемија, биологија и географија (било во основно или средно училиште).
Настанот ќе се одржува на две места, Природно-математички факултет во Скопје и Skopje City Mall.
Некои активности во Skopje City Mall, како Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти се наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти, Ваши роднини и пријатели...

Настанот ќе се одржи во текот на месец ноември 2016 година, согласно програмата (pdf документ).

Секој регистриран учесник на настанот (наставници и ученици) добива сертификат за учество на настанот.
Дипломи и награди се доделуваат на најдобрите ученици на Изложбата и натпреварот во изработки, демонстрации и експерименти и на најдобрите ученици на тест натпреварот. Наставниците - ментори на наградените ученици исто така ќе добијат дипломи.

Дополнителни информации за настанот ќе следуваат идната седмица.
Информирајте се на интернет страната на Вашето друштво/сојуз.
Покани за учество на настанот ќе бидат доставени до директорите на Вашите училишта по регуларна пошта (коверт) до крајот на месец септември.

Програма за настанот „Ноември - месец на науката“ и XLI Школа „Млади физичари“.

Сите заедно да придонесеме во популаризација на науката/природните науки!

Со почит,
Доц. д-р Боце Митревски,
Претседател на ДФРМ
www.dfrm.org

Известување за конференции во регионот (10.12.2015)

1. Меѓународна конференција „Положбата на физиката во средните училишта во регионот“

    Алексинац, Република Србија 26-28 фебруари 2016
 
 
2. 44 Национална коференција за прашања од областа на образованието по физика
    „Неформалното образование по физика и астрономија“
    Јамбол, Република бугарија, 7-10 април 2016
 
 
3. Меѓународна конференција на физичарите на Р. Македонија
    Конгресен центар во Охрид, Република Македонија
    22-25 септември 2016
    Прво соопштение за 2-3 седмици на интернет страната на ДФРМ
 
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (02.12.2015)

Почитувани посетители и учесници !

Почитувани ученици и наставници, учесници на XL Школа „Млади Физичари“, 

Ве информираме дека подолу се наведени линковите од „Тест“ напреварот кој се одржа за време на XL Школа „Млади Физичари“ на 27-28ми Ноември 2015 година, како и резултатите од истиот и резултатите од натпреварот во демонстрации.

Прашања и задачи од „Tест“ натпреварот за сите години.

Резултати од „Тест“ натпреварот

Резултати од натпреварот во демонстрации

Со почит

ДФРМ
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (24.11.2015)

Почитувани посетители и учецници !

На линкот подолу е:

 
Се повикуваат сите ученици пријавени за демонстрации, да ги подготват своите демонстрации и да ги презентираат во петок, 27.11.2015  од 12.00 до 15.00 часот.
Стручна комисија од тројца професори ќе ја оценува секоја демонстрација.
Некои од демонстрациите се вметнати во програмата.
 
ДФРМ
 

More Articles...

Page 25 of 27

<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 Next > End >>