• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Archived announcments

ИЗВЕСТУВАЊЕ (15.03.2021)

ИЗВЕСТУВАЊЕ (15.03.2021)

Редовното годишно собрание на Друштвото на физичарите на Република Македонија ќе се одржи на 27.03.2021 година (сабота), преку средствата за електронска комуникација, со почеток од 10 часот. За платформата преку која ќе се одржи Собранието ќе бидете дополнително информирани.

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (09.03.2021)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (09.03.2021)

Почитувани,

Друштвото на физичарите на Република Македонија го најавува одржувањето на 8. Експериментална олимпијада по физика за ученици од основните и средните училишта. Повеќе информации за пријавувањето и учеството на оваа олимпијада се дадени во известувањето.

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (28.12.2020)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (28.12.2020)

Почитувани,

Датуми и информации за пријавувањето и одржувањето на општинските, регионалните и републичките натпревари по физика за учебната 2020/2021 година.

Список на предложена литература за подготовка на учениците

Теми за натпреварите по физика

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (31.10.2020)


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (31.10.2020)

Почитувани,

во периодот од 23 до 31 октомври 2020 година се одржа 2. Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија. Поради пандемијата со Ковид 19 натпреварот се одржа во секоја од државите учесници на олимпијадата под координаторство на офцијалните организатори. Локален организатор на оваа олимпијада во Македонија беше Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На овај натпревар Македонија ја преставуваа:

1. Драго Јакимовски од Пробиштип, ученик од трета година во СОУ „Орце Николов“ - Скопје,
2. Мајкл Георгиевски од Кавадарци, ученик од втора година во СОУ „Добри Даскалов“ -Кавадарци,
3. Бисера Јаневска од Скопје, ученик во трета година во ПСУ „Алгоритам“ - Скопје,
4. Димитар Џорлев од Струмица, ученик во трета година во СОУ „Јане Сандански“ - Струмица,
и
5. Стефан Дрмач од Скопје, ученик во втора година во СОУ „Раде Јовчевски-Корчагин“ - Скопје (поканет натпреварувач од официјалниот организатор, надвор од официјална конкуренција).

Во конкуренција на 48 натпреварувачи од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора):

Ученикот Драго Јакимовски од Пробиштип освои бронзен медал.

Ученикот Мајкл Георгиевски од Кавадарци освои награда за успешно учество (пофалница).

Водач на тимот од Македонија беше проф. д-р Ирина Петреска од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а заменик водач на тимот проф. д-р Ламбе Барандовски од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Друштвото на физичарите на Република Македонија им ги честита наградите на нашите ученици и се заблагодарува на целокупниот тим за достојното преставување на Македонија на оваа олимпијада.

More Articles...

Page 7 of 20

<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>