• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Известување (31.12.2021)

Известување (31.12.2021)

Почитувани,


Во прилог известувањето од ДФРМ кое може да го објавите (секако деке ако има потреба може да го прилагодите). Сликите се сопственост на ДФРМ и можете да ги користите за објавувањето на веста.
Уште еднаш благодарам за покажаниот интерес.

Со почит

Ламбе Барандовски
Претседател на ДФРМ

Денес на 29.12.2021 година со почеток од 13 часот на Природно - математичкиот факултет во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија беа доделени медалите и дипломите кои учениците ги освоија натпреварувајќи се на Меѓународните олимпијади по физика.
51. Меѓународна олимпијада по физика се одржа  во Вилнус, Литванија од 17 до 25 јули 2021 година (преку средствата за далечинско учење). На оваа олимпијада награда за успешно учество (пофалница), освоија:
·         Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
·         Матеј Гелев, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
·         Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
·         Димитар Џорлев, ученик во четврта година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
На оваа олимпијада успешно ја преставуваше својата држава и
·         Драго Јакимовски, ученик во четврта година во СУГСГ „Орце Николов“ – Скопје
45. Еврпска олимпијада по физика која се одржа од 19 до 26 јуни 2021 година преку средствата за далечинско учење, во организација на Естонсото Друштво на физичарите:
Бронзен медал
Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
Награда за успешно учество:
Емилија Николовска, ученичка во втора година во „Математичко – информатичка гимназија, Скопје.
Достојно претставување на Македонија на оваа олимпијада имаа и:
Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
Димитар Џорлев, ученик во четврта година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Марко Стојановски, ученик во четврта година во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, сега студент на Институтот за физика при ПМФ во Скопје.
3. Балканска олимпијада по физика која се одржа на 25.09.2021 година преку средствата за далечинско учење во Софија, Бугарија
Сребрен медал
Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
Бронзен медал
Емилија Николовска, ученичка во прва година во „Математичко – информатичка гимназија, Скопје.
Сандра Недановска, ученичка во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
Во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија и Македонското биолошко Друштво беа доделени медалите кои учениците д Македонија ги освоија на 18. Меѓународна олимпијада по природни науки која во хибриден формат се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.
Сребрен медал:
1. Алексиј Тасиќ ученик во деветто одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Аеродром, Скопје, (сега ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје),
Брозени медали:
2. Иван Костевски, ученик во деветто одделение во ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, (сега ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“-Штип),
3. Матеа Митревска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Мирче Ацев“ – Ѓ. Петров, Скопје, (сега ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје),
4. Марио Ванчовски ученик во деветто одделение во ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, (сега ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“-Штип),
5. Андреј Стојановски, ученик во деветто одделение во ООУ „11 Октомври“ – Центар, Скопје, (сега ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје),
6. Теона Ана Георгиевска, ученичка во осмо одделение во ООУ „Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје, (сега ученик во деветто одделение во ООУ „Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје).

На свечаноста се обрати проф. д-р Ламбе Барандовски, Претседател на ДФРМ, кој ја истакна заложбата на Друштвото на физичарите на Република Македонија и останатите здруженија кои гравитираат кон Природно-математичкиот факултет кон промоција на физиката, хемијата и биологијата помеѓу учениците од основните и средните училишта во државата. Тој истакна дека долгата традиција од преку 60 година на организирање на натпревари од страна на ДФРМ придонело за создавање на генерации на физичари и инженери кои денес истражуваат во врвните научни институции во Македонија и светот. 

Деканот на Природно – математичкиот факултет во Скопје, проф. д-р Александар Скепаровски ги поздрави олимпијците и им ги честита добиените награди и им порача во иднина уште повеќе да навлезат во тајните на природните науки и дека секогаш вратите на Природно-математичкиот факултет ќе бидат отворени за нив во текот на нивното понатамошно образование.
Во име на Македонското биолошко друштво и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија проф. д-р Сузана Диневска Ќофкаровска им ги честита добиените медали на учениците кои учествуваа на Меѓународната Јуниорска олимпијада и им посака уште поголеми успеси во текот на нивното средношколско образование.