• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Archived announcments

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (27.07.2020)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (27.07.2020)

Селекциониот натпревар за учество на 2-та Балканска Олимпијада по физика, којашто ќе се одржи во Крајова, Романија на 24 октомври 2020 година, ќе се одржи во првата половина на септември 2020 година. Информации за точниот датум на одржување на Селекциониот натпревар и начинот на спроведување на истиот ќе бидат дополнително објавени.  На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици од прва и втора година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најкасно до 01.09.2020 година. Доколку учениците не го потврдат учеството ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот.

Силабусот за оваа олимпијада може да се најде на следнава страна:

https://balkanphysicalunion.info/wp-content/uploads/2019/06/Balkan-Physics-Curricula-v.2.0-final.pdf

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.06.2020)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.06.2020)

Почитувани, ученици, наставници, родители.

Друштвото на физичарите на Република Македонија, акредитирано од Министерството за образование и наука за одржување на натпревари по физика за учениците од основните и средните училишта во нашата земја ги известува учениците од основните и средните училишта кои изборија пласман на регионалните натпревари, како и нивните ментори дека по одржани опсежни консултации со Комисијата за натпревари при ДФРМ, координаторите на регионалните натпревари и дел од наставниците кои се вклучени во процесот на изведување на натпреварите, дојде до заклучок дека не е можно продолжувањето на циклусот натпревари по физика за учебната 2019/2020 година.

 

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ - (10.03.2020)

ИЗВЕСТУВАЊЕ - ОДЛОЖУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ (10.03.2020)


Почитувани, ученици, наставници, родители.

Со оглед на новонастанатата ситуација во нашата држава, а согласно одлуката и препораките на Владата, за прекин на образовниот процес во следните 14 дена (почнувајќи од 11.03.2020 година), Претседателството на Друштвото на физичарите на Република Македонија и Комисијата за натпревари при ДФРМ, донесе одлука за ОДЛОЖУВАЊЕ на Регионалните натпревари по физика за учениците од основните и средните училишта, коишто требаше да се одржат следната сабота (14.03.2020 година), на НЕОДРЕДЕНО време. За сите понатамошни активности, поврзани со натпреварите и датуми за одржувањето на предвидените натпревари во организација на ДФРМ, ќе бидете навремено известени, а информациите ќе бидат објавени  и на интернет страната на ДФРМ.

Менторите се замолуваат да ја пренесат информацијата до сите ученици, коишто требаше да учествуваат на одложениот Регионален натпревар.

Ви благодариме за соработката и разбирањето.
Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (05.02.2020)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (05.02.2020)

Почиувани,

Регионалниот натпревар по физика за учениците од основните и средните училишта ќе се одржи на 14.03.2020 година со почеток од 10 часот.

Со почит
ДФРМ

More Articles...

Page 11 of 27

<< Start < Prev 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Next > End >>