• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Archived announcments

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (17.06.2021)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (17.06.2021)

Првиот селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (12-21.12.2021. Абу Даби, ОАЕ) ќе се одржи на 5 јули 2021 година со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Преземи го целото известување и списокот на поканети ученици.

Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (14.06.2021)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (14.06.2021)

По одржаниот Селекционен натпревар за Меѓународна олимпијада по физика (на 10.06.2021.), ДФРМ има чест да го соопшти тимот кој ќе ја претставува Македонија на овој престижен настан. Тоа се учениците:

1. Мајкл Георгиевски, ученик во втора година при СОУ Добри Даскалов, Кавадарци,
2. Матеј Гелев, ученик во прва година при ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје
3. Јан Стојановски, ученик во прва година при ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје
4. Димитар Џорлев, ученик во четврта година при СОУ „Јане Сандански“ - Струмица
5. Драго Јакимовски, ученик во трета година при СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје

ДФРМ им честита на сите ученици за успешниот настап на Селекциониот натпревар.

Со почит ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (12.06.2021)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (09.06.2021)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (09.06.2021)

Почитувани,

Подолу се дадени конечните резултати од Републичкиот натпревар по физика за учениците од основните училишта. Списокот ги содржи само наградените ученици. Целокупните списоци на кој се и имињата на учениците кои не освоиле награда е испратен до менторите.

Конечни резултати од Републичкиот натпревар по физика за учениците од 8 одделение

Конечни резултати од Републичкиот натпревар по физика за учениците од 9 одделение

Дипломите на наградените ученици ќе бидат испратени до училиштата до крај на месец Јуни. Доколку некој сака истата може да ја подигне порано во Библиотеката на Институт за физика секој работен ден почнувајќи од 11.6.2021.

На сите наградени ученици им честитаме за големиот успех!

Со почит,
ДФРМ

More Articles...

Page 9 of 27

<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>