• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Announcements

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (27.07.2020)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (27.07.2020)

Селекциониот натпревар за учество на 2-та Балканска Олимпијада по физика, којашто ќе се одржи во Крајова, Романија на 24 октомври 2020 година, ќе се одржи во првата половина на септември 2020 година. Информации за точниот датум на одржување на Селекциониот натпревар и начинот на спроведување на истиот ќе бидат дополнително објавени.  На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици од прва и втора година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најкасно до 01.09.2020 година. Доколку учениците не го потврдат учеството ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот.

Силабусот за оваа олимпијада може да се најде на следнава страна:

https://balkanphysicalunion.info/wp-content/uploads/2019/06/Balkan-Physics-Curricula-v.2.0-final.pdf

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.06.2020)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.06.2020)

Почитувани, ученици, наставници, родители.

Друштвото на физичарите на Република Македонија, акредитирано од Министерството за образование и наука за одржување на натпревари по физика за учениците од основните и средните училишта во нашата земја ги известува учениците од основните и средните училишта кои изборија пласман на регионалните натпревари, како и нивните ментори дека по одржани опсежни консултации со Комисијата за натпревари при ДФРМ, координаторите на регионалните натпревари и дел од наставниците кои се вклучени во процесот на изведување на натпреварите, дојде до заклучок дека не е можно продолжувањето на циклусот натпревари по физика за учебната 2019/2020 година.

 

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ - (10.03.2020)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ - ОДЛОЖУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ (10.03.2020)


Почитувани, ученици, наставници, родители.

Со оглед на новонастанатата ситуација во нашата држава, а согласно одлуката и препораките на Владата, за прекин на образовниот процес во следните 14 дена (почнувајќи од 11.03.2020 година), Претседателството на Друштвото на физичарите на Република Македонија и Комисијата за натпревари при ДФРМ, донесе одлука за ОДЛОЖУВАЊЕ на Регионалните натпревари по физика за учениците од основните и средните училишта, коишто требаше да се одржат следната сабота (14.03.2020 година), на НЕОДРЕДЕНО време. За сите понатамошни активности, поврзани со натпреварите и датуми за одржувањето на предвидените натпревари во организација на ДФРМ, ќе бидете навремено известени, а информациите ќе бидат објавени  и на интернет страната на ДФРМ.

Менторите се замолуваат да ја пренесат информацијата до сите ученици, коишто требаше да учествуваат на одложениот Регионален натпревар.

Ви благодариме за соработката и разбирањето.
Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (05.02.2020)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (05.02.2020)

Почиувани,

Регионалниот натпревар по физика за учениците од основните и средните училишта ќе се одржи на 14.03.2020 година со почеток од 10 часот.

Со почит
ДФРМ

Повеќе Артикли...

Страница 6 од 14

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>