• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Archived announcments

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.06.2022)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.06.2022)

Првиот селекциониот натпревар за учество на Меѓународната Јуниорска Олимпијада по природни науки 2022., ќе се одржи на 01.07.2022 година (петок), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија одржани во 2022 година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најкасно до 24.06.2022 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот. 

Преземи го деталното известување за Селекциониот натпревар

Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (13.06.2022)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (13.06.2022)

По завршувањето на Селекциониот натпревар за учество на Маѓународната Олимпијада по физика 2022., која што ќе се одржи од 10 до 17 јуни 2022 година преку средствата за далечинско учење (Локален Организатор ДФРМ и ПМФ во Скопје), одржан на Природно - математичкиот факултет во Скопје, одреден е тимот средношколци кои ќе ја преставуваат на Македонија на оваа олимпијада:

1. Мајкл Георгиевски - трета година - СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци,
2. Матеј Гелев - втора година - ПСУ Јахја Кемал Скопје.
3. Димитриј Анѓеловски -  втора година -ПСУ Американска Гимназија, Скопје
4. Емилија Николовска - втора година - Математичко - информатичка гимназија Скопје
5. Горазд Блажески - втора година - СОУ Св. Климент Охридски - Охрид.

На учениците им посакуваме голем успех!

ДФРМ

СООПШТЕНИЕ ! (29.08.2023)

There are no translations available.

СООПШТЕНИЕ 29.08.2023

Соопштение за селекционите натпревари за 20-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023)

Во текот на летото 2023 година се одржаа два селекциони натпревари за избор на тимот ученици кои ќе ја претставуваат Македонија на  20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023), која ќе се одржи во Бангкок (Тајланд), од 1 до 10 декември 2023 година.

На привиот селекционен натпревар (3.7.2023, ПМФ во Скопје) беа поканети и учествуваа најдобро рангираните ученици од основните училишта на државните натпревари по физика, хемија и биологија. Од повиканите 74 ученици на натпреварот учествуваа 41 ученик. Пласман за понатаму изборија 23 ученици.

На вториот селекционен натпревар (Шеста македонска олимпијада по природни науки) учествуваа 22 натпреварувачи. Учениците решаваа теоретски проблеми и нумерички задачи од три области (физика, хемија и биологија) според содржините во програмата за олимпијадата. Од рангираните ученици, првите 6 натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на олимпијадата. Тоа се учениците:

1. Андреа Нешковска, ученичка во девето одд. во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Битола.

2. Даниел Христовски, ученик во девето одд. во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош.

3. Ивано Божиновски, ученик во девето одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

4. Андреј Доневски, ученик во девето одд. во ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово.

5. Елена Јовановиќ, ученичка во девето одд. во ООУ „11 Октомври“ во Центар.

6. Мила Порјозоска, ученичка во осмо одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

На сите ученици што учествуваа на селекционите натпревари и на нивните ментори им го честитаме успехот, а со олимпијците продолжуваме понатаму во очекување на достојно и успешно претставување на Македонија на оваа престижна олимпијада.

Друштво на физичарите на Република Македонија

СООПШТЕНИЕ ! (7.07.2023)

There are no translations available.

СООПШТЕНИЕ 7.07.2023


Се известуваат учениците кои на Првиот селекционен натпревар по природни науки изборија пласман, дека Вториот селекционен натпревар по природни науки, на кој ќе се одбере тим кој ќе учествува на 20. Меѓународна олимпијада по природни науки во Тајланд, ќе се одржи на 23.08.2023 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултете во Скопје (учениците да бидат пристигнати во Горна зграда најкасно до 9.30 часот).

Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

СООПШТЕНИЕ 3.07.2023

По одржаниот Прв селекционен натпревар по природни науки на Природно - математичкиот факултет во Скопје, следниве ученици се покануваат на Вториот селекционен натпревар кој ќе се одржи крај на август - почеток на септември 2023 година.

Повеќе Артикли...

Страница 3 од 27

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>