• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

12th Conference 2018

Please follow conference website link for more detailed information

ENTER 12TH CONFERENCE

Александар Котевски

Благодарност до Проф. Александар Котевски, известување за нашите драги посетители и членови

There are no translations available.

Почитувани членови на Друштвото на физичарите на Република Македонија  и драги посетители, Ве известуваме дека денеска нашата интернет страница е збогатена со нова содржина која е од особена важност за утврдување и проширување на вашето знаење во физиката. 

Новата содржина која е објавена во секцијата Публикации - > Од членовите - > Александар Котевски се состои од 2 збирки на задачи по физика за учениците од 8-мо и 9-то одделение по новата наставна содржина за деветгодишно основно образование кои се директно поврзани со наставната содржина која тековно ја обработуваате преку целата учебна година според новите наставни планови, како и книга од областа на астрономијата "Тајните на Вселената" со чија помош можете пријатно и лагодно да ги направите првите чекори кон запознавањето на вашите ученици со основните поими и појави во Вселената.

Можете слободно да се служите со материјалите кои се објавени , под секоја од задачите има кратко решение, сите страници од книгите се листаат со клик врз нив и најдолу десно имате копчиња за "кон напред" ( NEXT )  како и "кон назад" ( PREV ) како и копче за превземање на сликата ( DOWLOAD ) - кое е сместено долу лево со што посакуваната страница ја зачувувате во форма на слика која потоа можете да ја испечатите или споделите со учениците или колегите. 

Голема благодарност до проф. Александар Котевски за тоа што го сподели неговиот труд со сите нас.

Добредојдени се сите кои сакаат да објават нивни лични тудови, семинарски работи, проектни задачи, преведени трудови, понудата важи се разбира и за најмладите - учениците за кои се прават сите залагања за поквалитетно образование и посветла иднина. :)

Исто е планирано излегување на електронско издание на списанието за популаризација на физиката "ИМПУЛС", учество може да земат сите заинтересирани членови и посетители ( во форма на доставување на материјали и желба за објавување на истите во електронското издание на списанието "ИМПУЛС" )

Како што и најавивме пред неколку месеци постоечките броеви од списанието "ИМПУЛС" се подготвуваа дигитално за да се објават на нашата веб страна, материјалите се готови и во наредниот период од 2 недели секојдневно ќе се додаваат во соодветната секција Публикации -> Списание ИМПУЛС -> Aрхива -> ( тука ќе биде поставен соодветниот број од списанието, каде ќе можете да го разлистувате )