Меѓународна Олимпијада

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (10.06.2025)

По завршувањето на Селекциониот натпревар за Меѓународната олимпијада по физика (одржан на 23.05.2025 година), која ќе се одржи во периодот од 17 до 25 јули 2025 година во Париз, Франција Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада:

1. Искра Нечаковска, III година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола
2. Андреј Стојановски, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
3. Дамјан Стојанов, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
4. Михаил Шапчески, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

Водачи на тимот ученици ќе бидат:
1. Ламбе Барандовски – претседател на ДФРМ
2. Војо Митревски, член на Комисијата за натпревари при ДФРМ и поранешен олимпиец.

ДФРМ им посакувам голем успех на сите ученици на оваа олимпијада!

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (29.04.2025)

Селекциониот натпревар за Меѓународната олимпијада по физика која ќе се одржи од 17 до 25 јули 2025 година во Париз, Франција, ќе се одржи на 23.05.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 19.05.2025 година.

Преземи го списокот на поканети ученици за IPhO

ДФРМ