Балканска олимпијада

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (27.05.2025)

По завршувањето на Селекциониот натпревар за Балканската олимпијада по физика (одржан на 09.05.2025 година), која ќе се одржи во периодот од 26 до 30 јуни 2025 година во Охрид, Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада:
 1. Даниел Христовски, II година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
2. Андрија Младеновиќ, II година, Математичко-информатичка гимназија,  Скопје
3. Јаков Геговски, I година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
4. Андреј Тасиќ, I година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
5. Елена Јовановиќ, II година, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје (резервен член)

Водачи на тимот ученици ќе бидат:
1. проф. Станиша Велковиќ  – член на ДФРМ и поранешен олимпиец
2. Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимпиец.

ИЗВЕСТУВАЊЕ  (29.04.2025)

Селекциониот натпревар за Балканската олимпијада по физика која ќе се одржи од 26 до 30 јуни 2025 година во Охрид, Македонија, ќе се одржи на 09.05.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 5.05.2025 година.

Преземи го списокот на поканети ученици за БПО


ДФРМ