Европска олимпијада
ИЗВЕСТУВАЊЕ (27.05.2025)
По завршувањето на Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика (одржан на 21.03.2025 година), која ќе се одржи во периодот од 13 до 17 јуни 2025 година во Софија, Бугарија, Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада:
1. Искра Нечаковска, III година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола
2. Андреј Стојановски, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
3. Дамјан Стојанов, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
4. Михаил Шапчески, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
5. Матеа Митревска, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
Водачи на тимот ученици ќе бидат:
1. м-р Христијан Кочанковски – претседател на комисија за натпревари при ДФРМ
2. Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимпиец.
ИЗВЕСТУВАЊЕ (18.03.2025)
Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2025 година во Софија, Бугарија ќе се одржи на 28.03.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Селекциониот натпревар за Европската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2025 година во Софија, Бугарија ќе се одржи на 21.03.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 14.03.2025 година.
Преземи го списокот на поканети ученици
ДФРМ