Списание Импулс

Импулс е македонско списание за популаризација на физиката. Во него се објавувани написи од историјата и од актуелната проблематика на физиката, задачи за учениците од основните и средните училишта и информации за активностите на ДФРМ кои се од интерес за школската популација. Главни уредници биле Славко Баџчеванџиев, Мирјана Јоноска, Ѓорѓи Ивановски и Доне Гершановски.