• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Најново ИЗВЕСТУВАЊЕ !

ИЗВЕСТУВАЊЕ (21.03.2024)

Почитувани ученици
Подолу е дадено соопштението за Регионалните натпревари во кое ќе го најдете и списокот на училипта домаќини на регионалните натпревари кои ќе се одржат на 6.04.2024 година.


Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (12.03.2024)

По завршувањето на Селекциониот натпревар за учество на 8. Европска Олимпијада по физика, која што ќе се одржи од 15 до 19 јули 2024 во Кутаиси, Грузија, одржан на  6.03.2024. на Природно - математичкиот факултет во Скопје, одреден е тимот средношколци кои ќе ја преставуваат на Македонија на оваа олимпијада:

1. Јан Стојановски - четврта година - ПСУ Јахја Кемал, Скопје,
2. Дамјан Стојанов - трета година - ПСУ Јахја Кемал Скопје,
3. Емилија Николовска - четврта година - Математичко - информатичка гимназија Скопје,
4. Димитриј Анѓеловски -  четврта година - СУГС Јосип Броз Тито, Скопје,
5. Матеј Гелев - четврта година - ПСУ Јахја Кемал Скопје.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ (4.03.2024 )

ДФРМ го најавува одржувањето на редовното годишно Собрание на ПМФ во Скопје, на 29.03.2024. со почеток од 14.30 часот.

Со почит
ДФРМ
ИЗВЕСТУВАЊЕ (14.02.2024)

Почитувани ученици подолу е даден списокот со ученици кои се пласираа на Регионалните натпревари.
Преземи ги решенија на задачите од општинските натпревари:

На сите наставници и ментори им го честитаме пласманот на регионалните натпревари

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (23.01.2023)

Селекциониот натпревар за учество на Европската олимпијада по физика 2024., ќе се одржи на 06.03.2024 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика одржани во 2024 година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 20.02.2024 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот.

Темите од кои ќе бидат проблемите на селекциониот натпревар, како и на самата олимпијада, се идентични со темите од кои се проблемите на Меѓународната олимпијада по физика а може да се најдат на следнава интернат страна:

https://www.ipho2024.ir/page/5

 

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ( 12.12.2023 )

10-та Експериментална олимпијада по физика се одржа на 7.12.2023 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Подолу е даден списокот на наградени ученици на оваа олимпијада

ДФРМ

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ( 01.11.2023 )

ДФРМ ги објавува датумите за општинските, регионалните и државните натпревари по физика за учебната 2023/2024 година.


Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ( 9.10.2023 )

ДФРМ го најавува одржувањето на 10. Експерименталана олимпијада по физика на ПМФ во Скопје, на 7.12.2023. со почеток од 12 часот.

Со почит
ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ( 3.10.2023 )

45. Школа Млади физичари ќе се одржи на 16 и 17 ноемви 2023 година на ПМФ во Скопје.
Со почит
ДФРМ

 

СООПШТЕНИЕ 29.08.2023

Соопштение за селекционите натпревари за 20-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023)

Во текот на летото 2023 година се одржаа два селекциони натпревари за избор на тимот ученици кои ќе ја претставуваат Македонија на  20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023), која ќе се одржи во Бангкок (Тајланд), од 1 до 10 декември 2023 година.

На привиот селекционен натпревар (3.7.2023, ПМФ во Скопје) беа поканети и учествуваа најдобро рангираните ученици од основните училишта на државните натпревари по физика, хемија и биологија. Од повиканите 74 ученици на натпреварот учествуваа 41 ученик. Пласман за понатаму изборија 23 ученици.

На вториот селекционен натпревар (Шеста македонска олимпијада по природни науки) учествуваа 22 натпреварувачи. Учениците решаваа теоретски проблеми и нумерички задачи од три области (физика, хемија и биологија) според содржините во програмата за олимпијадата. Од рангираните ученици, првите 6 натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на олимпијадата. Тоа се учениците:

1. Андреа Нешковска, ученичка во девето одд. во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Битола.

2. Даниел Христовски, ученик во девето одд. во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош.

3. Ивано Божиновски, ученик во девето одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

4. Андреј Доневски, ученик во девето одд. во ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово.

5. Елена Јовановиќ, ученичка во девето одд. во ООУ „11 Октомври“ во Центар.

6. Мила Порјозоска, ученичка во осмо одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

На сите ученици што учествуваа на селекционите натпревари и на нивните ментори им го честитаме успехот, а со олимпијците продолжуваме понатаму во очекување на достојно и успешно претставување на Македонија на оваа престижна олимпијада.

Друштво на физичарите на Република Македонија

Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

Македонско биолошко друштво


 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (13.06.2022)

По завршувањето на Селекциониот натпревар за учество на Маѓународната Олимпијада по физика 2022., која што ќе се одржи од 10 до 17 јуни 2022 година преку средствата за далечинско учење (Локален Организатор ДФРМ и ПМФ во Скопје), одржан на Природно - математичкиот факултет во Скопје, одреден е тимот средношколци кои ќе ја преставуваат на Македонија на оваа олимпијада:

1. Мајкл Георгиевски - трета година - СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци,
2. Матеј Гелев - втора година - ПСУ Јахја Кемал Скопје.
3. Димитриј Анѓеловски -  втора година -ПСУ Американска Гимназија, Скопје
4. Емилија Николовска - втора година - Математичко - информатичка гимназија Скопје
5. Горазд Блажески - втора година - СОУ Св. Климент Охридски - Охрид.

На учениците им посакуваме голем успех!

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.06.2022)

Првиот селекциониот натпревар за учество на Меѓународната Јуниорска Олимпијада по природни науки 2022., ќе се одржи на 01.07.2022 година (петок), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија одржани во 2022 година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 24.06.2022 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот. 

Преземи го деталното известување за Селекциониот натпревар

Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (08.06.2022)

Список со наградени и пофалени ученици од Републичкиот натпревар по физика за учениците од основните училишта. На сите наградени ученици ДФРМ им го честита успехот


Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (02.06.2022)

Превземи програма

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (01.06.2022)

Информации и пријава за 4 - Едукативен камп по физика 2022

4-ти Едукативен камп по физика 2022


Превземи пријава за 4-от Едукативниот камп по физика 2022

Превземи го постерот во целосна големина

Со почит

ДФРМ



ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (31.05.2022)

Ве известуваме дека 4. Балканска олимпијада по физика ќе се одржи на почетокот од октомври (датумот дополнително ќе биде објавен), во Никозија, Кипар. Подолу е даден списокот на поканети ученици од прва и втора година за оваа олимпијада.

Учениците треба да се подготвуваат на материјалот од прва и втора година без темата осцилации и наизменична струја во втора година. Силабусот за олимпијадата е даден на следниов линк:

https://balkanphysicalunion.info/wp-content/uploads/2019/06/Balkan-Physics-Curricula-v.2.0-final.pdf

Селекциониот натпревар ќе се одржи на ПМФ во Скопје на 9.09.2022 година со почеток од 10 часот.

Пријавување за учество на Селекциониот натопревар да се направи на fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 1.09.2022 година.

Со почит

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.05.2022)

На 8 мај 2022 година во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа 9 Експериментална олимпијада по физика. Подолу е даден конечниот извештај од оваа олимпијада и списокот со наградените ученици.

Преземи го извештајот

Со почит
ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (04.05.2022)

Список со наградени и пофалени ученици од Републичкиот натпревар по физика за учениците од средните училишта.


Во списокот е дадено и кои ученици се покануваат на селекциониот натпревар по физика за Меѓународната олимпијада по физика 2022 година.

Селекциониот натпревар ќе се одржи на ПМФ во Скопје на 9.06.2022 година со почеток од 10 часот.

Пријавување за учество на Селекц


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (02.04.2022)

Почитувани натпреварувачи,

Во прилог се решенијата од задачите од Регионалниот натпревар по физика одржан денес 2.04.2022 година со почеток од 10 часот.

8-мо одделение Регионален натпревар 02.04.2022

9-то одделение Регионален натпревар 02.04.2022

I-ва година Регионален натпревар 02.04.2022

II-ра година Регионален натпревар 02.04.2022

III-та година Регионален натпревар 02.04.2022

IV-та година Регионален натпревар 02.04.2022

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (28.03.2022)

Подолу во списоците се дадени училиштата во кои ќе се одржат Регионалните натпревари по физика на 2.04.2022 година со почеток од 10 часот. Натпреварувачите да бидат во училиштата каде се одржува натпреварот (означени во списоците со жолта боја), најкасно до 9.30 часот. За сите дополнителни информации да се обратат кај нивните ментори.

ДФРМ

31 Oct 2012
impuls br.2 str.08
Description:
File Size: 329.77 KB Dimensions: 1908x2862 Created: 31 Oct 2012 Updated: 31 Oct 2012

15th Conference 2024 September 19-22, Ohrid, Macedonia

15th Conference of the Society of Physicists of Macedonia 2024

September 19-22, Ohrid, Macedonia


MORE INFORMATION WILL BE AVAILABLE SOON

SOCIETY OF THE PHYSICISTS OF MACEDONIA is announcing

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки
Скопје, Македонија, 24 ‐ 26 ноември 2023

International Conference on Education in Mathematics, Physics, and Related Science
November, 24 – 26, 2023, Skopje, Macedonia

БИЛТЕН НА ДРУШТВОТО НА ФИЗИЧАРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки Скопје, 27-28 септември 2019

ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

ПО 10 ГОДИНИ, ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

Последниот број на списанието за популаризација на физиката ИМПУЛС, број 55, дојде до рацете на учениците во 2008 година. Потоа, поради прекинот на продажбата на списанијата од ваков вид низ училиштата, ИМПУЛС влезе во децениски сон. Сон дека некогаш пак ќе се издава и печати, со цел учениците - љубители на физиката - да можат да уживаат во неговите содржини...

ПРЕВЗЕМИ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ

 

Благодарност !

На неколку дена пред почетокот на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која годинава се одржува од 2 до 11 декември во Габороне Боцвана, тимот ученици кој ќе ја преставува Република Македонија успеа да ги собере потребните средства за учество на истата. Тимот ученици и нивните водачи најтопло би сакале да се заблагодарат на финансиската подршка која ја добија од:

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

АРХИВА НА „ИМПУЛС“

Почитувани посетители,

Во наредниот период  дневно ќе бидат објавувани од архивата по неколку броеви од списанието „Импулс“ за популаризација на физиката. 

За да пристапите до саканиот број тоа можете да го направите и преку главното мени соодветно: ПУБЛИКАЦИИ -> СПИСАНИЕ „ИМПУЛС“ -> АРХИВА -> ( и тука го избирате соодветниот број )

Во оваа секција подолу ќе бидат објавувани само привремено најново додадените архивски броеви од списанието, онака како што ќе се објавуваат во текот на една седмица.


Faculty of Natural Sciences and Mathematics, University Ss. Cyril and Methodius, Skopje, Macedonia

grbpmfpmf-logo-white-flattend

Number of Visits:

Content View Hits : 541797