• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Archived announcments

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (03.11.2016)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (03.11.2016)

Почитувани,

Програма за настанот „Ноември - месец на науката“ и XLI Школа „Млади физичари“ (Ноември 2016)

Ноември - месец на науката“ - известување

Со почит

ДФРМ

Известување (23.09.2016)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (23.09.2016)

Почитувани,

во прилог на пораката е известување, пријава за наставници, пријава за ученици и опис на изработката/демонстрација/експеримент за настанот „Ноември - месец на науката“, а во рамките на кој ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.

Ве молиме препратете ја пораката до Вашите ученици и до Вашите колеги наставници.

Дополнително ќе бидат доставени покани до училиштата.

Ноември - месец на науката“ - известување

Пријава за учество на ученици на Ноември - месец на науката“ и XLI Школа „Млади физичари“

Пријава за учество на наставници на Ноември - месец на науката“ и XLI Школа „Млади физичари“

Опис на демонстрација

Следете ги информациите на www.dfrm.org

Со почит,
Друштво на физичарите на Р. Македонија


Известување (10.09.2016)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.09.2016)

Почитувани колеги,

Почитувани ученици,
почитувани членови на здруженијата кои обединуваат наставници во прилог на пораката е програма за настанот „Ноември - месец на науката“, во рамките на кој ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.

Настанот е во организација на Друштвото на физичарите на Р. Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно - математички факултет и Skopje City Mall.

Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р. Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика, хемија, биологија и географија (било во основно или средно училиште).
Настанот ќе се одржува на две места, Природно-математички факултет во Скопје и Skopje City Mall.
Некои активности во Skopje City Mall, како Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти се наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти, Ваши роднини и пријатели...

Настанот ќе се одржи во текот на месец ноември 2016 година, согласно програмата (pdf документ).

Секој регистриран учесник на настанот (наставници и ученици) добива сертификат за учество на настанот.
Дипломи и награди се доделуваат на најдобрите ученици на Изложбата и натпреварот во изработки, демонстрации и експерименти и на најдобрите ученици на тест натпреварот. Наставниците - ментори на наградените ученици исто така ќе добијат дипломи.

Дополнителни информации за настанот ќе следуваат идната седмица.
Информирајте се на интернет страната на Вашето друштво/сојуз.
Покани за учество на настанот ќе бидат доставени до директорите на Вашите училишта по регуларна пошта (коверт) до крајот на месец септември.

Програма за настанот „Ноември - месец на науката“ и XLI Школа „Млади физичари“.

Сите заедно да придонесеме во популаризација на науката/природните науки!

Со почит,
Доц. д-р Боце Митревски,
Претседател на ДФРМ
www.dfrm.org

Известување за конференции во регионот (10.12.2015)

There are no translations available.

1. Меѓународна конференција „Положбата на физиката во средните училишта во регионот“

    Алексинац, Република Србија 26-28 фебруари 2016
 
 
2. 44 Национална коференција за прашања од областа на образованието по физика
    „Неформалното образование по физика и астрономија“
    Јамбол, Република бугарија, 7-10 април 2016
 
 
3. Меѓународна конференција на физичарите на Р. Македонија
    Конгресен центар во Охрид, Република Македонија
    22-25 септември 2016
    Прво соопштение за 2-3 седмици на интернет страната на ДФРМ
 
ДФРМ

Повеќе Артикли...

Страница 22 од 24

<< Почеток < Пред 21 22 23 24 Следно > Крај >>