• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Archived announcments

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.06.2020)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.06.2020)

Почитувани, ученици, наставници, родители.

Друштвото на физичарите на Република Македонија, акредитирано од Министерството за образование и наука за одржување на натпревари по физика за учениците од основните и средните училишта во нашата земја ги известува учениците од основните и средните училишта кои изборија пласман на регионалните натпревари, како и нивните ментори дека по одржани опсежни консултации со Комисијата за натпревари при ДФРМ, координаторите на регионалните натпревари и дел од наставниците кои се вклучени во процесот на изведување на натпреварите, дојде до заклучок дека не е можно продолжувањето на циклусот натпревари по физика за учебната 2019/2020 година.

 

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ - (10.03.2020)

ИЗВЕСТУВАЊЕ - ОДЛОЖУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ (10.03.2020)


Почитувани, ученици, наставници, родители.

Со оглед на новонастанатата ситуација во нашата држава, а согласно одлуката и препораките на Владата, за прекин на образовниот процес во следните 14 дена (почнувајќи од 11.03.2020 година), Претседателството на Друштвото на физичарите на Република Македонија и Комисијата за натпревари при ДФРМ, донесе одлука за ОДЛОЖУВАЊЕ на Регионалните натпревари по физика за учениците од основните и средните училишта, коишто требаше да се одржат следната сабота (14.03.2020 година), на НЕОДРЕДЕНО време. За сите понатамошни активности, поврзани со натпреварите и датуми за одржувањето на предвидените натпревари во организација на ДФРМ, ќе бидете навремено известени, а информациите ќе бидат објавени  и на интернет страната на ДФРМ.

Менторите се замолуваат да ја пренесат информацијата до сите ученици, коишто требаше да учествуваат на одложениот Регионален натпревар.

Ви благодариме за соработката и разбирањето.
Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (05.02.2020)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (05.02.2020)

Почиувани,

Регионалниот натпревар по физика за учениците од основните и средните училишта ќе се одржи на 14.03.2020 година со почеток од 10 часот.

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (29.01.2020)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (29.01.2020)

Почиувани,

Училишта домаќини и координатори на општинските натпревари  на 1.2.2020 година.

Натпреварите ќе започнат од 10 часот. 

Учениците во училиштата домаќини треба да бидат најдоцна до 9.30


Со почит
ДФРМ

More Articles...

Page 8 of 23

<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>