1. Дејан Максимовски, ПСУ „ Јахја Кемал“, Бутел,
2. Софија Димоска, ПСУ „Јахја Кемал“, Струга,
3. Драган Трајчев, ПСУ „Јахја Кемал“, Гази Баба,
4. Дејан Пејчиноски, СОУ „Ибрахим Темо“, Струга,
5. Филип Митровски, СОУ „Миле Јаневски Џингар“, Македонска Каменица.
На олимпијадата ученикот Дејан Максимовски од Штип, ученик во ПСУ „ Јахја Кемал“, Бутел, освои награда за успешно учество на Олимпијадата. Успехот на Дејан Максимовски е од особено значење со оглед на фактот што тоа е првата награда на Меѓународна олимпијада по физика после десетина година, како и поради фактот што од бронзениот медал го делеа само 1,6 поени.
Оваа награда се надеваме дека ќе биде мотив и за останатите ученици од Македонија кои учествуваат на натпреварите организирани од ДФРМ, да продолжат да ги продлабочуваат своите знаења во физиката и веќе на некоја од следните олимпијади да имаат можноста да ја преставуваат Република Македонија и да се натпреваруваат со своите врсници од останатите земји од светот.
Со почит
ДФРМ