• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

СЕМИНАР - Современа настава: фикција или реалност!

Во рамките на IX Конференција на Друштвото на физичарите на Република Македонија,  Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како коорганизатор на Конференцијата, организира Сателитски семинар под наслов.

Современа настава: фикција или реалност!

- Како да се плива во океанот од новини во наставата ? –

Семинарот ќе се одржи на 18.09.2012 (вторник) со почеток во 9:00 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Програма

9:00 – 9:45

Предавач: Проф. Д-р Јосип Слишко, Универзитет во Пуебла, Мексико

Наслов: Иднината на наставата: Збогум предавања во училница!

10:00 – 10:45

Предавач: Проф. Д-р Дан Цензор, Универзитет Бен Гурион, Негев, Израел

Наслов: Кравата на Алберт Ајнштајн и специјалната теорија на релативност

11:00 – 11:45

Предавач: Проф. Д-р Оливер Зајков, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

Наслов: Учење базирано на проекти: дилеми и прашања!

За учество на семинарот не се плаќа котизација. Сите учесници на семинарот ќе добијат потврда за учество.

ПОКРАЈ ЛИЧНОТО ПРИСУСТВО СЕМИНАРОТ ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО СЛЕДИТЕ ВО ЖИВО ПРЕКУ ВЕБ СТРАНАТА НА ДРУШТВОТО.