• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Најново ИЗВЕСТУВАЊЕ !

ИЗВЕСТУВАЊЕ 12.04.2019

Информации и место на одржување на Републичките натпревари по физика за учениците од основните и средните училишта.

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ 28.03.2019

Корејско - Македонски симпозиум за енергетски материјали и материјали применливи во информационите технологии“, ќе се одржи од 01.07.2019 година до 04.07.2019 година. Организатори на Симпозиумот се Друштвото на физичари на Република Македонија во соработка со Институтот за физика при ПМФ во Скопје.



Тhe Korea-Macedonia joint symposium on IT and energy materials“ will be held from 1st to 4th July 2019. The symposium is organized by Society of physicists of Macedonia in cooperation with Institute of physics, Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Skopje.


Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ 13.03.2019

Конечни резултати од 52. Регионален натпревар по физика 2019 - листи на пласирани ученици за Државните натпревари по физика.

Преземи го списокот

Со почит
ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ 27.02.2019

Информации и места на одржување на 52. Регионални наторевари по физика за учениците од основните и средните училишта.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (08.02.2019)

Почитувани посетители,

ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ГИ ПОДДРЖА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ

Државна видеолотарија донираше 200.000,00 денари на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ). Наша цел е да им овозможиме на младите средношколци-истражувачи да добијат нормални услови, во кои ќе можат да го развиваат и да го надградуваат својот талент, а притоа да бидат успешни амбасадори кои ќе ја претстават земјава во одлично светло пред меѓународната јавност.



ПРЕВЗЕМИ ГО ЦЕЛИОТ ДОПИС


Со почит

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (06.02.2019)

Почитувани,

Подолу се дадени списоците со учениците кои имаат пласман на 52 Регионален натпревар по физика за учениците од основните и средните училишта, како и информации за Регионалните натпревари.

Регионални натпревари 2019 година - известување.

Корегиран список на ученици кои ќе учествуваат на регионалните натпревари.

Со почит

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (29.01.2019)

Список на училишта пријавени за учество на општинските натпревари по физика и училишта домаќини. Училиштата означени со задебелени букви се училишта домаќини на општинските натпревари по физика.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (09.01.2019)

На Селекциониот натпревар за учество на 3-та Европска Олимпијада по физика која ќе се одржи во Рига, Летонија од 31.05. до 04.06.2019 година се покануваат следниве ученици

Преземи ја листата на поканети ученици

Селекциониот натпревар ќе се одржи на 15.02.2019 година на Институтот за физика при Природно - математичкиот факултет во Скопје со почеток од 10 часот.

Со почит

ДФРМ



ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (21.12.2018)


Почитувани членови,

Редовното годишно собрание на ДФРМ ќе се одржи во сабота, на 12.01.2019 година на ПМФ во Скопје, во 10.00 часот.


Со почит,

ДФРМ


Тимот од Република Македонија освои 3 бронзени медали
на 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки

 

Почитувани,

Ве известуваме дека нашиот тим кој учествуваше на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа од 2 до 11 декември 2018 година во Габороне, Боцвана освои 3 бронзени медали.

Честитки за заедничкиот успех до учесниците, водачите и Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).

На олимпијадата учествуваа 46 земји од 5 континенти, односно околу 250 натпреварувачи (ученици помлади од шеснаесет години) и околу 150 водачи.

Македонскиот тим го сочинуваа:

  • Мила Ивановска, СОУ Гим. „Ј. Б. Тито“ – Битола (бронзен медал)
  • Дарко Стојчев, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци (бронзен медал)
  • Димитар Џорлев, СОУ  „Јане Сандански“ – Струмица (бронзен медал)
  • Бисера Јаневска, Приватна гимназија „Алгоритам“ - Центар
  • Дамјан Јанчевски, ПСУ „Јахја Кемал“ - Карпош
  • Мајкл Георгиевски, ООУ „Гоце Делчев“ - Кавадарци

 

Водачи на тимот:

  • Доц. д-р Ламбе Барандовски, ДФРМ
  • Проф. д-р Марина Стојановска, СХТМ
  • Дипл. мол. биолог Елена Рафаиловска, МБД

На свечената церемонија, медалите на учениците од Македонија ги додели неговата екселенција амбасадорот на Германија во Боцвана г-дин Ралф Брет, кој од 2005 до 2008 година беше Амбасадор на Германија во Македонија, а од 2011 до 2015 година амбасадорот Брет беше шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Македонскиот тим го помогнаа Агенцијата за млади и спорт, Фондот за иновации и технолошки развој, градоначалниците на Кавадарци и на Петровец, Митко Јанчев и Борче Митевски, и фирмите „Кожувчанка“, „Вардар Доломит“ и „Витаминка“, како и 120 донатори од цел свет кои помогнаа во фондот на социјалните мрежи отворен од Анита Кузмановска-Фелдман, дипл. инж. по хемија која живее во САД.

Македонија оваа година учествува по вторпат на оваа престижна олимпијада, која од Министерството за образование и наука е категоризирана во листата на 13 значајни меѓународни натпреварувања.
Следната 16. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки ќе се одржи од 3 до 12 декември 2019 година во Доха, Катар.

Скопје, 11.12.2018

Со почит,

Проф. д-р Боце Митревски, Претседател на ДФРМ

Проф. д-р Зоран Здравковски, Претседател на СХТМ

Проф. д-р Сузана Ќовкаровска Диневска, Претседател на МБД

 

БЛАГОДАРНОСТ

На неколку дена пред почетокот на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која годинава се одржува од 2 до 11 декември во Габороне Боцвана, тимот ученици кој ќе ја преставува Република Македонија успеа да ги собере потребните средства за учество на истата. Тимот ученици и нивните водачи најтопло би сакале да се заблагодарат на финансиската подршка која ја добија од:

Агенција за спорт и млади на Република Македонија,
Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија,
АД Витаминка од Прилеп,
Г-дин Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци,
Г-дин Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец,
Кожувчанка од Кавадарци,
Вардар Доломит ДООЕЛ од Скопје.

Голема благодарност и до Дипл. инж по хемија Анита Кузмановска Фелдман која ја организираше доброволната акција за собирање на преостанатите потребни средства и за целосниот нејзин ангажман и посветеност.
Искрено се заблагодаруваме и на сите кои донираа лични средства преку доброволната акција која во изминатиов период се одвиваше на интернет. (Списокот на имиња е преземен од донаторската листа и имињата се пренесени онака како што донаторите се потпишале при донирањето.)
Голема подршка и за интернет порталот Fakulteti.mk за одвоеното време, простор и за подршката и промоцијата на нашите активности.

Листа на донатори

  1. Анита Кузмановска Фелдман
  2. Louie Mitrevski
  3. Roberto Milev
  4. Suzana Stojanovska Stannard
  5. Roni R Rachel
  6. Maja Panova
  7. Matej Manevski
  8. Tanja Zdraveski Aleksovski
  9. Tomislav Markovski
  10. Karli Mulford
  11. Mato Nanoski
  12. Daniel John Carter
  13. Vladimir Jovanovski
  14. Stefan Chekrk Manevski
  15. Vladimir Gjorgjevski
  16. Jovana Dzoleva
  17. Nena Pandevska
  18. Lidija Bikova
  19. Костадин Ѓорѓиев
  20. Vladimir Ohanesjan
  21. Martin Ristovski
  22. Aleksandar Ivanov
  23. Bernadette Hogg
  24. Vera Dimovska
  25. Milos Simik
  26. Martin Gjoreski
  27. Ivica Gjorgiev
  28. Dance Lazarevska
  29. Aleksandra Stojanoska\
  30. Jasmina Stevkovska
  31. Eva Jovanova
  32. Liljana Kocoska Maras
  33. Tale Ilieski
  34. Magde Nikolovska
  35. Igor Dimovski
  36. Bernadette Hogg
  37. Andrej T Gent
  38. Maja Mitreva
  39. Desanka Icitrajkova
  40. Nikola Kjurchiski
  41. Petre Makreski
  42. Darko Naumoski
  43. Г.Г. Филип Черноземски
  44. Dimitar Stojanovski
  45. Nikola Popovski
  46. Ljubomir Obocki
  47. Sotir Stojcevski
  48. Igor Cadikovski
  49. Miodrag Stamenkovic
  50. Andrej T Gent
  51. Makedonka Trajkovska
  52. Erwan Fuere
  53. Kiril Trpkov
  54. Жарко Конески
  55. Olgica D. Lazarova
  56. Ilija Dukovski
  57. Zorica Stamenkovska
  58. Saso Taneski
  59. Suzana Petanceska
  60. Ilinka Arsovski
  61. Micko Ohrid
  62. Jasmina Manceska
  63. Frosina Celeska
  64. Magdalena MK
  65. Elena Aeti
  66. Ana Saltirova Davidovski
  67. Kriss Ge
  68. Viktorija Milosevska
  69. Eli Romanova
  70. Zoran Jermilov
  71. Saso Taneski
  72. Nina Nayana
  73. Marija Danilovska
  74. Xiang Zhao
  75. Irena Cobe
  76. Marija Aleksoska
  77. Petrula Kostovska
  78. Erhan Bubba
  79. Slavica Ilijeska-Andrijeski
  80. Marija Armenski
  81. Ivan Trpkov
  82. Voislav Dabevski
  83. Elena Needham
  84. Natasha Jan
  85. Nina Nayana
  86. Petrusevski Igor
  87. Dimitar Nacevski
  88. Slavica Stojkovska
  89. Gordana Gjorgjievska
  90. Velika Pejovska Angelkova
  91. Dane Angelkov
  92. Dzuli Markovska
  93. Мато Наноски
  94. Louie Mitrevski
  95. Roberto Milev
  96. Suzana Stojanovska Stannard
  97. Roni R Rachel
  98. Maja Panova
  99. Igor Petrusevski
  100. Stoyan Mishkovski
  101. Karli Mulford
  102. Sonja Stamenkova
  103. Olja Trencevska
  104. Mirko Spiroski
  105. Lj Poposki
  106. Викторија Јакимовска
  107. Sonya Remez
  108. Vi Toria
  109. Darko Cizaloski
  110. Kostadin Ristov
  111. Magdalena Mishkovska
  112. Milena Mile
  113. Stoyan Mishkovski
  114. Bobby Bo
  115. Noelle Tubbs
  116. Courtney Virginia
  117. Cali Ann
  118. Igor Brishkoski
  119. Mende Pirgano

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (13.12.2018)

Почитувани,

Ве известуваме дека нашиот тим кој учествуваше на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа од 2 до 11 декември 2018 година во Габороне, Боцвана освои 3 бронзени медали.

ПРЕВЗЕМИ ГО ИЗВЕСТУВАЊЕТО

Со почит

ДФРМ


ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (14.11.2018)

Почитувани,

Резултати од натпреварот во демонстрации, експерименти, на 42-та Школа „Млади физичари“.

ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
СРЕДНИ УЧИЛИШТА

Со почит

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (06.11.2018)

Почитувани,

ДФРМ го најавува одржувањето на 42 Школа „Млади физичари“, која се одржува во рамки на настанот „Ноември - месец на науката“

ПРОГРАМА НА 42 Школа „Млади физичари “

Со почит

ДФРМ

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (18.09.2018)

Почитувани,

ДФРМ го најавува одржувањето на 42 Школа „Млади физичари“, која се одржува во рамки на настанот „Ноември - месец на науката“

Школата ќе се одржи на 9 и 10 ноември 2018 година (петок и сабота) во Скопје, Skopje City Mall, паралелно на настаните кои се одржуваат за Ноември - месец на науката“.


*Школата „Млади физичари“ е дел од настанот „ Ноември - месец на науката“ Повеќе информации за настанот на https://biologija.yolasite.com и http://www.sctm.mk
До Вашето училиште ќе биде испратена официјална покана по регуларна пошта.

Заедно со Вашите ученици може да почнете со подготовка на демонстрација, експеримент, израбока на модел, симилација и сл.

Се гледаме во Skopje City Mall.

Со почит,

ДФРМ



ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (12.09.2018)

Почитувани,

Во прилог на пораката се документи со потребните информации за наставниците-ментори и учениците-натпреварувачи на претстојните натпревари по физика во 2019 година.

ДФРМ препорачува пријавувањето за општинските натпревари по физика да се направи до крајот на декември 2018 година, односно пред зимскиот одмор.

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ - 2019 год.

ТЕМИ ФИЗИКА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА - 2019 год.

ТЕМИ ФИЗИКА СРЕДНИ УЧИЛИШТА - 2019 го

ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

ПО 10 ГОДИНИ, ИМПУЛС ПОВТОРНО ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ ФИЗИЧАРИ!

Последниот број на списанието за популаризација на физиката ИМПУЛС, број 55, дојде до рацете на учениците во 2008 година. Потоа, поради прекинот на продажбата на списанијата од ваков вид низ училиштата, ИМПУЛС влезе во децениски сон. Сон дека некогаш пак ќе се издава и печати, со цел учениците - љубители на физиката - да можат да уживаат во неговите содржини...

ПРЕВЗЕМИ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ

 

Благодарност !

На неколку дена пред почетокот на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која годинава се одржува од 2 до 11 декември во Габороне Боцвана, тимот ученици кој ќе ја преставува Република Македонија успеа да ги собере потребните средства за учество на истата. Тимот ученици и нивните водачи најтопло би сакале да се заблагодарат на финансиската подршка која ја добија од:

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

12th Conference 2018 September 27-30, Ohrid, Macedonia

12th Conference of the Society of Physicists of Macedonia 2018

September 27-30, Ohrid, Macedonia

 

VISIT 12TH CONFERENCE WEBSITE

BOOK OF ABSTRACTS

42-та Школа „Млади физичари“

42-та Школа „Млади физичари“
9-ти и 10-ти ноември 2018 година (петок и сабота) во Скопје, Skopje City Mall

ЛЕКСИКОН ПО ФИЗИКА

„Нови збрики по физика за осмо и деветто оделение според Програмата по Кембриџ“

International Conference 2016

Ден на светлината“ – IV Меѓународна Олимпијада по Експериментална физика

Donations by:

Macedonian Power Plants

AkademskaKniga

Lamina u boja

Anhoch

Tabernakul

vrsnik

Watch All Recorded Conferences

NN-Play-icon

Почитувани посетители, за да пристапите до видео материјалите од сите активности на Друштвото, кликнете врз сликата погоре („плеј“ знакот), при што ќе ви се отвори нова стана со „плејер“ во кој се поставени сите видео материјали од сите активности на Друштвото, предавања, семинари и сл.

  • 1
  • 2

АРХИВА НА „ИМПУЛС“

Почитувани посетители,

Во наредниот период  дневно ќе бидат објавувани од архивата по неколку броеви од списанието „Импулс“ за популаризација на физиката. 

За да пристапите до саканиот број тоа можете да го направите и преку главното мени соодветно: ПУБЛИКАЦИИ -> СПИСАНИЕ „ИМПУЛС“ -> АРХИВА -> ( и тука го избирате соодветниот број )

Во оваа секција подолу ќе бидат објавувани само привремено најново додадените архивски броеви од списанието, онака како што ќе се објавуваат во текот на една седмица.


Faculty of Natural Sciences and Mathematics, University Ss. Cyril and Methodius, Skopje, Macedonia

grbpmfpmf-logo-white-flattend

Number of Visits:

Content View Hits : 281028