По одржаниот Селекционен натпревар за Меѓународна олимпијада по физика (на 10.06.2021.), ДФРМ има чест да го соопшти тимот кој ќе ја претставува Македонија на овој престижен настан. Тоа се учениците:
1. Мајкл Георгиевски, ученик во втора година при СОУ Добри Даскалов, Кавадарци, 2. Матеј Гелев, ученик во прва година при ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје 3. Јан Стојановски, ученик во прва година при ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје 4. Димитар Џорлев, ученик во четврта година при СОУ „Јане Сандански“ - Струмица 5. Драго Јакимовски, ученик во трета година при СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје
ДФРМ им честита на сите ученици за успешниот настап на Селекциониот натпревар.