• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Известување (10.09.2016)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (10.09.2016)

Почитувани колеги,

Почитувани ученици,
почитувани членови на здруженијата кои обединуваат наставници во прилог на пораката е програма за настанот „Ноември - месец на науката“, во рамките на кој ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.

Настанот е во организација на Друштвото на физичарите на Р. Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно - математички факултет и Skopje City Mall.

Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р. Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика, хемија, биологија и географија (било во основно или средно училиште).
Настанот ќе се одржува на две места, Природно-математички факултет во Скопје и Skopje City Mall.
Некои активности во Skopje City Mall, како Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти се наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти, Ваши роднини и пријатели...

Настанот ќе се одржи во текот на месец ноември 2016 година, согласно програмата (pdf документ).

Секој регистриран учесник на настанот (наставници и ученици) добива сертификат за учество на настанот.
Дипломи и награди се доделуваат на најдобрите ученици на Изложбата и натпреварот во изработки, демонстрации и експерименти и на најдобрите ученици на тест натпреварот. Наставниците - ментори на наградените ученици исто така ќе добијат дипломи.

Дополнителни информации за настанот ќе следуваат идната седмица.
Информирајте се на интернет страната на Вашето друштво/сојуз.
Покани за учество на настанот ќе бидат доставени до директорите на Вашите училишта по регуларна пошта (коверт) до крајот на месец септември.

Програма за настанот „Ноември - месец на науката“ и XLI Школа „Млади физичари“.

Сите заедно да придонесеме во популаризација на науката/природните науки!

Со почит,
Доц. д-р Боце Митревски,
Претседател на ДФРМ
www.dfrm.org